Нашите производи влијаат на создавање на карактерот на најбрзите, најлуксузните и најиновативните автомобили во светот.
Со екслузивни производи за ентериер, DRÄXLMAIER го обликува карактерот внатре во возилото: Преку беспрекорна изработка се создаваат луксузни решенија и за највисоките стандарди. DRÄXLMAIER истовремено обезбедува удобност на возачот со кабелски системи кои се комлексни и специјално ориентирани на клиентот.
Комбинација од основните надлежности ентериер, електрика, електроника и Е – мобилност го прави DRÄXLMAIER посебен во целокупната бранша. DRÄXLMAIER го придружува секој проект од првичната идеја до сериската испорака. Ова е филозофија која условува совршено владеење на целиот синџирен процес од початната идеја преку процесот на развој и производство. Ние ги обединуваме дизајнот, концептот, најсовремениот процес на симулација, дизајн на алатки, развоен процес, производство, тестирање и инспекција па сè до прецизна испорака на производот во секвенца – и тоа сè под еден кров.
Како приватна компанија со еден сопственик, DRÄXLMAIER е независна уште од самиот почеток. Ова е забележливо во компанијата: Ние им ја нудиме на нашите вработени слободата која им е потребна за да развиваат нови идеи и да ги спроведуваат во иновативни производи.
Како пронаоѓачи на специфични жичани кабелски сетови специјално прилагодени на клиентот, не развиваме секогаш само софистицирани харнеси чија комплексност до 1031 варијанти перфектно ја владееме. Кај нас inhouse се создаваат и технологии ориентирани кон иднината за конвенционални и алтернативни погонски системи како и електрични и електронски компоненти. На овој начин ја поддржуваме електричната мобилност на идната генерација – од кабелски сет со висок напон до модерни системи кои заштедуваат енергија. Така DRÄXLMAIER им дава на најбрзите, најлуксузните и најиновативните автомобили на светот индивидуален карактер.
Како глобален добавувач DRÄXLMAIER вработува повеќе од 75,000 вработени во преку 20 земји, со распространета производствена мрежа на фабрики кои се наоѓаат во непосредна близина на автомобилските производители. На овој начин осигуруваме дека секој производ стигнува на монтажната лента на нашиот клиент функционално тестиран, точно на време и апсолутно во прецизна секвенца. Ова дава одговор на прашањето зошто најдобрите автомобилски производители во светот веќе со години не избираат за системски партнер.