За нас

Со екслузивни производи за ентериер, DRÄXLMAIER го обликува карактерот внатре во возилото: Преку беспрекорна изработка се создаваат луксузни решенија и за највисоките стандарди. DRÄXLMAIER истовремено обезбедува удобност на возачот преку кабелските сетови кои се комлексни и специјално ориентирани на клиентот. 

Нашите клучни компетенции

Комбинација од основните надлежности ентериер, електрика, електроника и Е – Мобилност го прави DRÄXLMAIER посебен во целокупната бранша. DRÄXLMAIER го придружува секој проект од првичната идеја до сериската испорака. Ова е филозофија која условува совршено владеење на целиот синџирен процес од початната идеја преку процесот на развој и производство.  Ние ги обединуваме дизајнот, концептот, најсовремениот процес на симулација, дизајн на алатки, развоен процес, производство, тестирање и инспекција па сè до прецизна испорака на производот во секвенца – и тоа сè под еден покрив.

Независни

Како приватна компанија DRÄXLMAIER е независна уште од самиот почеток. Ова може да се почуствува во целата компанија: Ние им ја нудиме на нашите вработени слободата која им е потребна за да развиваат нови идеи и да ги спроведуваат во иновативни производи.

Иновативни

Како пронаоѓачи на специфични жичани кабелски сетови специјално прилагодени на клиентот, не развиваме секогаш само софистицирани  харнеси чија комплексност до 1031 варијанти перфектно ја владееме.
Кај нас inhouse се создаваат и технологии ориентирани кон иднината за конвенционални и алтернативни погонски системи како и електрични и електронски компоненти. На овој начин ја поддржуваме електричната мобилност на идната генерација – од кабелски сет со висок напон до модерни системи кои заштедуваат енергија. Така DRÄXLMAIER им дава на најбрзите, најлуксузните и најиновативните автомобили на светот индивидуален карактер.

Ориентирани кон пазарот и клиентот

Како глобален добавувач DRÄXLMAIER вработува повеќе од 60.000 вработени во преку 20 земји, со распространета производствена мрежа на фабрики кои се наоѓаат во непосредна близина на автомобилските производители. На овој начин осигуруваме дека секој производ стигнува на монтажната лента на нашиот клиент функционално тестиран, точно на време и апсолутно во прецизна секвенца. Ова дава одговор на прашањето зошто најдобрите автомобилски производители во светот веќе со години нè избираат за системски партнер.

DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња