DRÄXLMAIER Group е сигурен и силен иновациски партнер во премиум автомобилската индустрија. Со нашите производи им даваме индивидуален карактер на најбрзите, најлуксузните и најиновативните автомобили на светот.

DRÄXLMAIER го придружува секој автомобилски проект од првичната идеја до сериската испорака. Ова е филозофија која бара совршено владеење на целокупниот синџирен процес. Таа вклучува дизајн, најсовремени симулациски методи и прототип конструкции. Исто така опфаќа и сопствено производство во фабриките ширум светот, развоен процес и специјално производство на машини, па сè до испорака во точна секвенца на монтажните линии на автомобилските производители. Резултатот е: DRÄXLMAIER го развива целокупниот процес in-house од првичната идеја, преку развој па сè до производствениот процес – со вклучување на најмодерни техники на тестирање. 

 

 

 

Audi

Audi

Денешното  Audi AG е клиент на DRÄXLMAIER Group од 1971. Audi е еден од водечките светски премиум- брендови. Напредните технологии ги преоблекува во руво со јасен спортски дизајн.

BMW

BMW

BMW Group се вбројува меѓу клиентите на DRÄXLMAIER Group од 1966. Оттогаш компанијата порасна во еден од светските водечки автомобилски производители во премиум сегментот.

Jaguar

Jaguar

Jaguar беше придобиен за клиент на DRÄXLMAIER Group во 2004. Големата инженерска уметност и заводливиот дизајн ја имаат главната улога кај брендот.

Land Rover

Land Rover

Land Rover е клиент на DRÄXLMAIER од 2004 година. Возилата на овој бренд може да се справат со речиси секој терен. Тие комбинираат флексибилност, ефикасност и практичност.

Maserati

Maserati

Maserati е клиент на DRÄXLMAIER Group од 2013. И по сто години од своето постоење брендот останува верен на своите вредности: извонредни спортски возни перформанси, ексклузивен квалитет и елегентен дизајн.

Mercedes-Benz

Mercedes-Benz

Во 1982 за клиент го придобивме најстариот автомобилски производител во светот, Daimler AG. Брендот богат со традиција - Mercedes-Benz отсекогаш бил синоним за елегантен и модерен луксуз.

MINI

MINI

Името е програма: MINI е автомобилска марка на BMW Group и значи модерен мал автомобил. Спортскиот дизајн на возилото е особено високо ценет од клиентите на MINI.

Porsche

Porsche

Porsche се приклучи во кругот на клиентите на DRÄXLMAIER во 2004. Производителот богат со традиција произведува спортски автомобили кои даваат сè на тркачките патеки и кои истовремено се докажуваат и во секојдневната употреба. 

Volkswagen

Volkswagen

The Volkswagen AG, со својот бренд VW e клиент на DRÄXLMAIER Group од 1971. Брендот ја прави иновативната мобилност достапна до многу луѓе ширум светот.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња