DRÄXLMAIER Group брои повеќе од 55.000 вработени ширум светот. Би сакале ли да дознаете повеќе за нашата корпоративна култура и за тоа кои можности за развој на кариерата ги имате? Тогаш кликнете овде и дознајте што имаат да кажат вработените во DRÄXLMAIER Group!

Савка Карова

Технички асистент - плант менаџмент

Ја започнав приказната во DRÄXLMAIER пред повеќе од три години. Најпрво како стипендист, бев избрана како една од петмината најдобри студенти вклучени во стипендиската програма на компанијата, а подоцна имав можност и да се вработам овде. Убавото во мојата работа е што постојано учам нови работи, се соочувам со интересни задачи кои овозможуваат секој ден да е различен од претходниот.

Исидора Радман

Исидора Радман

Човечки ресурси

Она што ми остави впечаток во DRÄXLMAIER е исклучителниот тимски дух помеѓу вработените. Во одделот за човечки ресурси сум веќе две години и овде важи мотото: „Сите за еден, еден за сите!“ Со колегите секојдневно споделуваме знаења, искуства и се поддржуваме меѓусебно. Чувството дека сум дел од тимот кој работи како поддршка на системот за непречено функционирање на неколку илјади колеги е она што ме мотивира секое утро кога доаѓам на работа.

Анастасија Недева

Анастасија Недева

Оддел за сечење на кабли

Кога поради приватни причини се преселив од Скопје во Кавадарци, не ни помислував дека токму овде ќе работам во интернационална средина каде што ќе стекнувам нови знаења и професионално ќе се надградувам. Не постои несовладлив предизвик кога имате секојдневна поддршка од колегите и кога тимската работа е клучна онаму каде работите.

 

 

Мирјана Нуткова

Мирјана Нуткова

Финална монтажа

Среќна сум што сум дел од тимот на оваа компанија. Кој би поверувал дека во едно толку мало место како Кавадарци, ќе имам можност да работам во премиум автомобилската индустрија. Во DRÄXLMAIER научив многу нови нешта и стекнав дополнителни вештини. Овдешната корпоративната култура позитивно влијаеше и врз мојата личност.

 

 

Александар Павлов

Александар Павлов

Раководител на оддел – Системи за квалитет

Како штотуку дипломиран машински инженер со желба за професионален развој, ми беше желба да работам во динамична средина каде што се следат барањата диктирани од пазарот. Во DRÄXLMAIER особено ме мотивира работата со професионалци од различни области, можноста за напредок и поттикнување на размислување кое е насочено кон подобрување на процесите.
Предизвик е да се работи во групација која работи по највисоки светски стандарди за клиенти од премиум сегментот на автомобилската индустрија.

Николина Атанасова

Николина Атанасова

Надзорник во производство – Финална монтажа

Од самиот почеток сум во DRÄXLMAIER. Започнав како работник во производство и ги поминав сите нивоа на обуки и работни процеси. Во моментов сум одговорна на тим од околу педесетина колеги, а претходното работно искуство во компанијата ми помага да ги препознаам потребите на вработените и да излезам во пресрет на нивните барања. Како пасиониран дваесетгодишен возач отсекогаш ме интересираше внатрешноста на автомобилот и неговата движечка сила. Сега имам можност да работам токму во областа на електриката за светски познат бренд.                                                                                                                       

Жаклина Павловска

Жаклина Павловска

Тест станица – Финална монтажа

DRÄXLMAIER е компанија во која се почитуваат правила и стандарди. Секогаш се бара начин да се излезе во пресрет на потребите на вработените, што ми влева чувство на сигурност. Загарантираната егзистенција е најважна за мене и моето семејство. Веќе три години сум овде, а работата ме исполнува исто како и на самиот почеток.

Дејан Димов

Дејан Димов

Надзорник во производство – Претконфекционирање

Околу четири години сум во DRÄXLMAIER. Добив шанса да работам во глобална компанија и да започнам без големо претходно работно искуство. Постепено стекнував дополнителни знаења и вештини, а како резултат на тоа напредував и во кариерата.

Анета Илова

Анета Илова

Финална монтажа

Кога без работно искуство аплицирав за вработување во DRÄXLMAIER, сметав дека шансите се многу мали. После три годишна работа, среќна сум што мојот потенцијал беше препознат и што воопшто добив шанса низ практична работа, но и многу обуки да стекнам дополнителни вештини. Предност е да се работи во тим кој заедно постигнува добри резултати.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња