Обучени професионалци

Упорни
и кога другите се откажуваат

Електрифицирани и автономни: Со нашите производи помагаме да се формира начинот на движење на милиони луѓе во иднина. Бараме карактери како вас, со идеи за индивидуална мобилност на иднината.

Нашето портфолио на производи

Премиум производи

DRÄXLMAIER го поддржува секој автомобилски проект почнувајќи од првата идеја преку сериско производство. Обединуваме дизајн, концепт, ултра модерни процеси на симулација, изработка на алатки, развој на процеси, производство, технологија за тестирање па сѐ до последователна испорака на производот.

Карактери @ DRÄXLMAIER

Ангел Раководител на група

„Од првиот ден кога се вработив во DRÄXLMAIER имав зацртана цел да бидам Раководител на група. Работев напорно и посветено, а мојот труд е максимално вреднуван. Желбата за понатамошен успех и достигнувања сé повеќе расте.“

Карактери @ DRÄXLMAIER

Лилјана Оператор во производство

„Седум години работам во DRÄXLMAIER и немам намера да го напуштам работното место. Работам согласно моите вештини и квалификации, а личниот доход е секогаш на време исплатен. Мојот тим е одлично структуриран, имаме взаемно разбирање и секогаш сме тука еден за друг!“

Карактери @ DRÄXLMAIER

Александра Раководител на смена

„Работејќи на оваа работна позиција максимално сум посветенa на тимoт со кој работам. Разговараме транспарентно, заедно анализираме, изнаоѓаме соодветни решенија доколку има некаков проблем, така што функционираме како една целина. Ова е мотото според кое се водиме, а кога имате одличен тим, резултатите не изостануваат.“

Наши достигнувања

Привлечни услови

Нудиме привлечни услови за работа и социјални бнефиции. Потоа, специјални грантови и специјално отсуство за одредени настани во животот.

Наши достигнувања

Жедни сте за знаење?

Континуирано образование: Во нашата Академија за деловно работење, ќе ги проширите своите технички, социјални и лични вештини, така што ќе бидете добро подготвени за нови предизвици. Кај нас, имате можност да добиете грантови и специјално отсуство за да го остварите продолженото образование.

Наши достигнувања

Промовирање таленти

Перформанси и управување со талент: Нашиот пристап кон развојот на вработените е усогласен со вашиот индивидуален потенцијал за развој, така што ќе можете да ги постигнете своите професионални цели. Заради тоа, ние се сретнуваме на годишно ниво за да утврдиме на што треба да се фокусирате за да постигнете кариерен успех. Аплицирај сега!

Ова е DRÄXLMAIER

Придобивки

Пристигнување

Добро интегрирани уште од самиот почеток: Нашите одбори ве подготвуваат за удобен влез. Доколку е потребно, ние исто така можеме да ве поддржиме во барање дом и преселување. Менторство: За време на периодот на обука, колегите ќе ви помогнат да го пронајдете патот до вашата нова работа.

Привлечни услови

Нудиме привлечни услови за работа и социјални бенефиции. Потоа, специјални грантови и специјално отсуство за одредени настани во животот.

Баланс меѓу работата и приватниот живот

Флексибилно работно време: Нашите пресметки за работно време, како што се пресметките за флексибилно работно време и службено патување, го олеснуваат комбинирањето на работата, семејството и слободното време. Во зависност од нивната работа и од разговор со нивниот претпоставен, нашите вработени имаат можност да работат и од дома.

Модел на скратено работно време

Ние се менуваме со вас: Работите во вашето лично или работно опкружување може да се променат. Ова може да доведе до промена на вашите потреби во врска со дневното време на работа. Нашите модели со скратено работно време можат да се прилагодат на овие промени.

Семејно ориентирани

На некои локации (во зависност од достапноста), нудиме можности за дневна грижа за децата на нашите вработени. Организираме опции за слободно време и обезбедуваме мрежа за родители.

Бидете здрави

Спортувајте. На пример, учествувајте во одбележување на денови за подигнување на грижата за здравјето, фитнес програми, курсеви за трчање и пешачење или изберете економична понуда за масажа. Екипи на нашите вработени ја претставуваат компанијата на бројни спортски настани. Здравство: Преку независна програма за помош од надворешни вработени, добивате поддршка во случај на лични или семејни проблем

Ергономичност

Добро држење на телото: Нашите работни позиции како во канцелариите така и во производството се ергономски дизајнирани за да го заштитат вашето здравје.

Придобивки и попусти

Вработените добиваат примамливи понуди од бројни даватели на услуги во околината на локациите.

Кантина

Независно, дали станува збор за ручек, ужинка или кафе пауза, нудиме одлична храна по прифатливи цени.

Вовед во работењето

Придружи
ни се!

За пристапот до DRÄXLMAIER да биде што е можно полесен, ќе имате можност да ја запознаете компанијата и ќе работите на структуриран начин во текот на првите шест месеци на работа. Исто така, вашиот ментор ќе биде покрај вас да ви помогне и да ве посоветува.

 

Пристигнување во DRAXLAMIER

Воведен
процес

Почеток
Вашиот прв ден
Ќе го запознаете вашиот тим и ќе ги формирате првите впечатоци. Вашиот ментор ќе ви каже сè што сакате да знаете за секојдневниот работен процес.
По две седмици
Ориентацијата продолжува
Го започнувате вашиот личен план за ориентација и учествувате на првите курсеви за обука и ориентација, како и состаноци со вашите колеги
По четири седмици
Првични повратни информации
Ha првата средба со вашиот претпоставен ќе разговарате за статусот на почетните тренинзи и ќе добиете повратни информации. Доколку е потребно, двајцата би се усогласиле за дополнителни измени и прилагодувања.
По три месеци
Проценка
Заедно со претпоставениот повремено ќе го разгледувате вашиот тренинг план. Ќе се сретнете и со претставникот од Одделот за Човечки ресурси и ќе го информирате за вашите искуства.
По шест месеци
Вистински почеток
Честитки! Успешно го совладавте процест на учење, така што сега можете да го продолжите патувањето во DRÄXLMAIER!

DRÄXLMAIER

Дали си заинтересиран?
Аплицирај сега!

Аплицирање

Процес на
аплицирање

Регистрирај се и аплицирај
Најдовте работа за која сте заинтересирани?
Потоа, регистрирајте се на порталот за апликација и прикачете ги потребни документи. Доколку сте заинтересирани, можете да аплицирате за повеќе работни позиции истовремено. Можете да испратите и апликација за работна позиција која во моментот не е наведена.
Испратете ја апликацијата
Ние ќе ве информираме
Ќе бидете информирани кога ќе ја добиеме апликацијата. Обработката на истата може да потрае неколку дена. Доколку имате било какви прашања во тој временски период, слободно контактирајте нѐ. Веднаш штом ќе имаме вести поврзани со вашата апликација, ќе ве контактираме.
Телефонско интервју
Да се запознаеме
Доколку сме заинтересирани за вашата апликација, ќе ве поканиме на интервју преку телефон со цел да ве запознаеме и ги дознаеме вашите вештини. Истовремено, ќе добиете и целосен опис на работната позиција за која аплицирате. Ако вашата апликација нема да биде земена предвид, ќе добиете негативен одговор.
Лично интервју
Вашата шанса
Доколку ни оставите позитивен впечаток на телефонското интервју, ќе ве поканиме на лично интервју. Тогаш, првенствено ќе ги видиме вашите способности и ќе ги разјасниме сите прашања во врска со општите усови на работното место.
Конечна одлука
Добивање повратна информација
По личното интервју ќе ни бидат потребни неколку денови да донесеме конечна одлука. Телефонски ќе ве информираме за резултатите од интервјуто. Доколку одлучиме да бидете дел од нашиот тим, ќе добиете Договор за вработување.

Секогаш сме тука за вас

Нашиот тим за регрутација е подготвен да одговори на сите ваши прашања.