Професионалци

Со страст
до заедничка цел

Електрифицирани и автономни: со нашите производи помагаме да се формира начинот на кој милиони луѓе ќе се движат во иднина. Бараме карактери како вас, со идеи за индивидуална мобилност на иднината.

 

Карактери @ DRÄXLMAIER

Даниела Специјалист за развој и обука на вработени во Одделот за Човечки ресурси

„За компанијата дознав во 2012 преку медиумите и аплицирав веднаш штом се појавија првите огласи за работа. Eдна сум од двајцатата први вработени во компанијата и речиси девет години сум дел од тимот на DRÄXLMAIER . Тука стекнав огромно искуство, бидејќи бев дел од поставувањето на темелите на фабриката и растев и се развивав заедно со компанијата. Во DRÄXLMAIER секој поединец е важен. Секому се дава можност да го покаже својот потенцијал и професионално да се развива.“

 

Карактери @ DRÄXLMAIER

Александар Раководител на група

„Предизвик е да се работи во германска компанија, заради начинот на организација, стратешката поставеност и процесот на менаџирање. Во DRÄXLMAIER секој ден е различен од претходниот. Постојано добиваме нови проекти кои сами по себе претставуваат нови предизвици за работа.“

Карактери @ DRÄXLMAIER

Маријана Надзорник во производство

„Како компанија која работи според светски стандарди, во DRÄXLMAIER добив можност за кариерен напредок, а мотивацијата и поддршката која ми ја даваат претпоставените ме донесе и на раководна позицијата Надзорник во производство. Сега имам одличен тим кој покажува голема ефикасност во работењето.“

Наши предности

Лидерство

Програмите за лидерство ги поддржуваат и промовираат нашите менаџери индивидуално. Усогласени со нашата визија и стратегија, тие овозможуваат унифицирано сфаќање на лидерството во рамките на компанијата.

Наши предности

Понатамошен развој

Континуирана едукација: во нашата Aкадемија за деловно работење ќе ги проширите вашите технички, социјални и лични вештини, по што ќе бидете добро подготвени за новите предизвици. Според потребите поддржуваме и дополнителни обуки за професионална надоградба.

Наши предности

Меѓународна соработка

Работиме заедно низ земјите и континентите како еден голем тим. Нашите обуки за мултикултурна соработка, подготвителни семинари за задачи во странство и службени патувања или курсеви за јазик соодветно ќе ве подготват.

 

Ова е DRÄXLMAIER

Придобивки

Воведни обуки

Добро интегрирани уште од самиот почеток: нашите воведни обуки ве подготвуваат за удобен влез. Доколку е потребно, исто така можеме да ве поддржиме и при преселување или барање живеалиште. Менторство: за време на тренинг периодот колегите ќе ве упатат во вашата нова работа.

Пивлечни услови

Нудиме привлечни услови за работа и социјални бенефиции. Потоа, специјални грантови и специјално отсуство за одредени настани во животот.

Баланс меѓу работата и приватниот живот

Флексибилно работно време: Нашите пресметки за работно време, како што се пресметките за флексибилно работно време и службено патување, го олеснуваат комбинирањето на работата, семејството и слободното време. Во зависност од нивната работа и од разговор со нивниот претпоставен, нашите вработени имаат можност да работат и од дома.

Модел на скратено работно време

Ние се менуваме со вас: Работите во вашето лично или работно опкружување може да се променат. Ова може да доведе до промена на вашите потреби во врска со дневното време на работа. Нашите модели со скратено работно време можат да се прилагодат на овие промени.

Семејно ориентирани

На некои локации (во зависност од достапноста) нудиме можности за дневна грижа за децата на нашите вработени. Организираме опции за слободно време и обезбедуваме мрежа за родители.

Бидете здрави

Спортувајте. На пример, учествувајте во одбележување на денови за подигнување на грижата за здравјето, фитнес програми, курсеви за трчање и пешачење или изберете економична понуда за масажа. Екипи на нашите вработени ја претставуваат компанијата на бројни спортски настани.

Ергономичност

Добро држење на телото: Нашите работни позиции како во канцелариите така и во производството се ергономски дизајнирани за да го заштитат вашето здравје.

Придобивки и попусти

Вработените добиваат примамливи понуди од бројни даватели на услуги во околината на локациите.

Кантина

Независно, дали станува збор за ручек, ужинка или кафе пауза, за сите вработени нудиме свежо подготвен оброк обезбеден и платен од страна на компанијата.

Вовед во работењето

Придружи
ни се!

За пристапот до DRÄXLMAIER да биде што е можно полесен, ќе имате можност да ја запознаете компанијата и ќе работите на структуриран начин во текот на првите шест месеци на работа. Исто така, вашиот ментор ќе биде покрај вас да ви помогне и да ве посоветува.

 

Воведен
процес

Почеток
Вашиот прв ден
Ќе го запознаете вашиот тим и ќе ги формирате првите впечатоци. Вашиот ментор ќе ви каже сè што сакате да знаете за секојдневниот работен процес.
По две седмици
Ориентацијата продолжува
Го започнувате вашиот личен тренинг план и учествувате на ориентационите обуки како и на состаноци со вашите колеги.
По четири седмици
Првични повратни информации
Ha првата средба со вашиот претпоставен ќе разговарате за статусот на почетните тренинзи и ќе добиете повратни информации. Доколку е потребно, двајцата би се усогласиле за дополнителни измени и прилагодувања.
По три месеци
Проценка
Заедно со претпоставениот повремено ќе го разгледувате вашиот тренинг план. Ќе се сретнете и со претставникот од Одделот за човечки ресурси и ќе го информирате за вашите искуства.
По шест месеци
Вистински почеток
Честитки! Успешно го совладавте процесот на учење, така што сега можете да го продолжите патувањето во DRÄXLMAIER!

Вашиот почеток во DRÄXLMAIER

Дали си заинтересиран?
Аплицирај сега!

Процес на
аплицирање

Регистрирај се и аплицирај
Најдовте работа за која сте заинтересирани?
Потоа, регистрирајте се на порталот за апликација и прикачете ги потребни документи. Доколку сте заинтересирани, можете да аплицирате за повеќе работни позиции истовремено. Можете да испратите и апликација за работна позиција која во моментот не е наведена.
Испратете ја апликацијата
Ние ќе ве информираме
Ќе бидете информирани кога ќе ја добиеме апликацијата. Преземањето на истата може да потрае неколку дена. Доколку имате какви било прашања во тој временски период, слободно контактирај те нѐ. Веднаш штом ќе имаме вести поврзани со вашата апликација, ќе ве контактираме.
Телефонско интервју
Да се запознаеме
Доколку сме заинтересирани за вашата апликација, ќе ве поканиме на интервју преку телефон со цел да ве запознаеме и ги дознаеме вашите вештини. Истовремено ќе добиете и целосен опис на работната позиција за која аплицирате. Ако вашата апликација нема да биде земена предвид, ќе добиете негативен одговор.
Лично интервју
Вашата шанса
Доколку ни оставите позитивен впечаток на телефонското интервју, ќе ве поканиме на лично интервју. Тогаш, првенствено ќе ги видиме вашите способности и ќе ги разјасниме сите прашања во врска со општите услови на работното место.
Конечна одлука
Добивање повратна информација
По личното интервју ќе ни бидат потребни неколку денови да донесеме конечна одлука. Телефонски ќе ве информираме за резултатите од интервјуто. Доколку одлучиме да соработуваме, ќе добиете Договор за вработување.

Награди

Ние припаѓаме
на најдобрите

Групацијата DRÄXLMAIER е еден од најдобрите работодавачи во целата индустрија. Редовно добиваме награди како што е наградата за Најдобар работодавач која се доделува од страна на Deutschland Automotive или наградата за еден од Најдобрите работодавачи во светот за 2021 година според магазинот Форбс која ја добивме неодамна. Двете награди ја потврдуваат нашата силна ориентација кон вработените и нашиот ентузијазам за теми како што се интеграција на нови вработени, флексибилни модели на работно време или понуди за вработените и можности за понатамошен развој.