Адреса

ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг 
Македонија ДООЕЛ
Индустриска Зона - Телот
1430 Кавадарци
Р. Македонија

Достапност

Фабриката DRÄXLMAIER се наоѓа во Кавадарци, на 3 километри од центарот на градот.

Доаѓање од Скопје:

Од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје возете по автопатот Е75 насока Солун. По 57 километри исклучете се од автопатот Е75 и свртете лево накај Општина Росоман (се вклучувате на регионалниот пат А1). На 4 километри по исклучувањето од автопатот, повторно свртете лево и вклучете се на регионалниот пат А1107. Потоа, на 8 километри од Вашата десна страна ќе ја забележите фабриката DRÄXLMAIER.

Доаѓање од Солун:

По влегувањето во Р. Македонија од граничниот премин „Богородица“, продолжете право по автопатот Е75 правец Скопје. По 66км  исклучете се од автопатот Е75 (за влез во Неготино), свртете десно и вклучете се на регионалниот пат А1103. Поминувате низ Неготино и продолжувате право за Кавадарци. На 10 км свртете десно на истиот регионален пат кој всушност претставува обиколница околу Кавадарци. Потоа, на 1,3 км повторно свртете десно. Продолжете право и по 2,7 км од Вашата лева страна ќе ја забележите фабриката DRÄXLMAIER. 

Транспорт за вработените

Со цел вработените безбедно и навремено да стигнат на работа, DRÄXLMAIER обезбедува бесплатен автобуски транспорт во целиот регион. Околу 40 автобуси возат дневно од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Велес, Прилеп и други места.
На вработените кои живеат подалеку од регионот им се исплаќаат транспортни трошоци.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња