Пишуваме автомобилска историја

to Top

2012

DRAXLMAIER Group ја основа фирмата Дрекслмајер Македонија. По оформувањето на првичниот тим, за идните вработени беа организирани стручни обуки и тренинзи во земјата и странство. Кон крајот на годината стартуваше производствениот процес, првично во привремена хала во Кавадарци, а истовремено започна изградбата на нова производствена хала во близина на Кавадарци.

to Top

2013

Почеток на сериско производство на кабелски системи за премиум сегментот во автомобилската индустрија и преместување во новоизградените производствени капацитети.

to Top

2014

Значителен пораст на Дрекслмајер тимот на локацијата во Кавадарци. Со тимска работа се создава производ според највисоки имплементирани стандарди за квалитет и производство на електрични кабелски сетови за автомобили.

to Top

2015

Дрекслмајер е еден од најголемите работодавачи во Македонија. Истовремено порасна и бројот на нарачките од клиентот порадишто се активираа и нови производствени линии.

to Top

2016

Имплементација на моделот за дуално образование. Дрекслмајер стана една од водечките компании кои го спроведуваат концептот на дуално образование во земјата. Дваесетина средношколци од средно стручно училиште во Кавадарци започнаа со практична настава во најсовремено опремена работилница во рамки на фабриката.

to Top

2017

Производството на високо квалитетен производ ја зацврсти стекнатата доверба кај клиентот што резултираше со добивање на дополнителен нов проект за сериско производство.

DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња