DRÄXLMAIER Семејство

Да бидеме заедно
одговорни

„Ние мора да останеме верни на вредностите што нè карактеризираат: соработка во компанијата, размислување и взаемно  дејствување, како и апсолутна сигурност.“

Фриц Дрекслмајер сениор, основач на компанијата

Што правиме ние

Нашите водечки
принципи

Одржливи производи

Еколошки ефикасните производи го рефлектираат УСП на Групацијата DRÄXLMAIER и генерираат дополнителна вредност за нашите клиенти. Нашето разбирање за одржливите производи вклучува социјални и еколошки критериуми почнувајќи од  набавката на материјалот па сè до испораката на производот. Ние сакаме да ги идентификуваме и вреднуваме еколошките ефекти на користените материјали и процеси и постојано да ги подобруваме.

 

 

Климатски промени

Ние се обврзуваме да ги следиме целите на Парискиот договор за клима и најдоцна до 2050 година преку намалување на емисијата на јаглерод да придонесеме во неутрализирање на климата. Стратешките мерки за ефикасност во логистиката и производството, како и еколошкиот извор на енергија на нашите локации се наша обврска.   

Општествена одговорност

Луѓето се секогаш во центарот на нашите активности. Ние покажуваме одговорност за нашите вработени и нивните семејства. Активно се трудиме за потребите на луѓето во синџирите на снабдување. Водечките принципи на ООН за економија и човекови права ги придружуваат нашите активности. 

Во светот на

мехатрониката

DRÄXLMАIER е водечка компанија во спроведување на моделот на дуално стручно образование во земјата. Придржувајќи се на долгорочната стратегија за поддршка на образованието и професионалниот развој, компанијата секоја година овозможува практична настава во делот на мехатроника за учениците од средното образование. Практичната настава ја спроведуваат специјално обучени тренери во современо опремена училница во рамки на фабриката. Исто така, преку стипендии, DRÄXLMAIER ги поддржува најдобрите студенти од техничките факултети.  

Партнерство

со младите луѓе

DRÄXLAMIER ги поддржува младите луѓе во процесот на остварувањето на нивните професионални цели. Во таа насока, компанијата ги стипендира најдобрите студенти од техничките факултети во земјата, што претставува одлична можност овие млади луѓе да го направат првиот чекор во својата професионална кариера и теоретското знаење практично да го применат во областа на автомобилската индустрија.

Заштита на

животната средина

Заштитата на животната средина и одржливост се меѓу главните приоритети на функционирањето на компанијата. DRÄXLMАIER во соработка со општините од регионот, вклучувајќи ги и своите вработени, иницира и поддржува голем број акции насочени кон општествената заедница и општото добро на сегашните и идните генерации.

Поддршка за

спортот

DRÄXLMAIER како стратешки и лојален партнер на регионот го поддржува спортот и силната желба за успех на младите талентирани спортисти. Компанијата останува доследна на својата цел за организирање проекти за подобрување на условите во кои функционираат голем број спортски клубови и здруженија. 

Интелигентни решенија за

модерно и урбано живеење

Паметните клупи со соларни панели за производство на електрична енергија со приклучоци за полнење на батерии на паметни телефони се дизајнирани да се вклопат во концептот за разубавување на околината и за заштита на животната средина. На дел од локациите на кои се поставени има и безжичен бесплатен интернет. Преку овие проекти DRÄXLMАIER продолжува да го спроведува својот стратешки план за општествена одговорност.