Нова спортска опрема од Дрекслмајер за Ракометниот клуб „Тиквеш“

29. September 2019 – За успешна спортска сезона, Дрекслмајер подари комплетна спортска опрема на РК „Тиквеш“.

 

Кавадарци, 27. септември 2019 година – На големо задоволство на љубителите на спортот во Кавадарци, Дрекслмајер овојпат со поддршка за ракометот. Станува збор за комплетна спортска опрема која ги задоволува потребите на еден професионален спортист. За непречен професионален тренинг, клубот доби и нови спортски реквизити.

На примопредавањето на опремата генералниот директор на Дрекслмајер беше спортски поздравен од целиот ракометен тим. „Дрекслмајер се радува на сите спортски успеси кои му даваат енергија на градот и позитивен спортски дух. Со цел и ние да придонесеме ракометарите од РК „Тиквеш" да бидат уште помотивирани за постигнување на добри спортски резултати, дониравме спортска опрема, неопходна за еден професионален спортист", рече Лукас Мирингер.

Задоволството на ракометарите на РК „Тиквеш" е големо. Јане Јанчев изјави: „На наше големо задоволство компанијата Дрекслмајер, како и многупати до сега ја докажа својата желба и посветеност за поддршка на спортот во Кавадарци. Благодарни сме и среќни за пружаната поддршка од нивна страна. Ова ќе ни даде дополнителен поттик за понатамошни успеси и уште подобри резултати."

Како активен партнер на регионот Дрекслмајер несебично пружа поддршка во повеќе општествени сегменти. „Спортот секогаш го има нашиот примат и драго ни е што овојпат ракометниот клуб „Тиквеш" ја започна оваа спортска сезона со нова професионална опрема. На тимот му посакуваме спортски успеси и многу победи", додаде Мирингер на крајот од средбата со ракометарите.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print