DRÄXLMAIER Group со децении е сигурен партнер на автомобилската индустрија и е една од водечките компании во премиум сегментот во однос на технологијата. Дизајнот, иновативноста, ориентацијата кон вработените и кон клиентите, како и растот се наградени со признанија и награди.

Volkswagen Group Award "New Mobility Solutions"

Volkswagen Group Award "New Mobility Solutions"

Volkswagen ја награди DRÄXLMAIER Group со признанието Volkswagen Group Award 2017 во категоријата „Нови решенија за мобилност". Наградата е благодарност за успешната соработка на добавувачот со премиум брендот Porsche. Во соработка со DRÄXLMAIER Group, Porsche за прв пат развива батериски систем базиран на 800 волтажна технологија. Оваа иновација овозможува до сега недостигнати нивоа на вредности на ефикасноста и тоа во однос на возните перформанси и забрзувањето, а поставува и стандард во спортската електрична мобилност.

Top Employer Deutschland Automotive 2018

Top Employer Deutschland Automotive 2018

DRÄXLMAIER Group е еден од најдобрите работодавци во својата бранша. Во 2018, компанијата уште еднаш и единаесетти пат по ред ја освојува наградата „Top Employer Deutschland Automotive“ („Најдобар работодавач во Германија во автомобилството"). Престижната награда им се доделува само на оние компании кои се карактеризираат со особено високо ниво на ориентираност кон вработените. При оценувањето на компаниите во фокусот се проекти како што се процеси на интеграција за новите вработени, флексибилни модели на работно време или тим билдинг настани.

Qualitas Award

Qualitas Award

Fiat Chrysler Automobiles ја награди DRÄXLMAIER Group со Qualitas Award 2016. DRÄXLMAIER е „Целокупен EMEA добавувач за 2016" и на тој начин најдобар снабдувач во категориите Квалитет, Технологија и Партнерство во регионот на EMEA (Европа, Средниот Исток и Африка). DRÄXLMAIER е најголемиот добавувач на ентериер на Maserati, еден од премиум брендовите на Fiat Chrysler Automobiles.

elogistics Award

elogistics Award

Во 2016, DRÄXLMAIER Group доби награда за е-логистика во категоријата Мрежна контрола за TISS решението (Транспорт-Информации- и систем за контрола) развиен од DRÄXLMAIER заедно со фирмата Leogistics. Работната група AKJ Automotive, која исто така вклучува и претставници од сите познати OEM, ја додели наградата на 31-от годишен конгрес во Сарбрикен. Со ова конгресот ги наградува и интернационалните поднесоци кои одлично ја комбинираат логистиката и обработката на информациите. 

Local Content Parts Supplier of the Year

Local Content Parts Supplier of the Year

Како дел од настанот „Ден на добавувачите 2016“, Mercedes Benz Тајланд им оддаде почит на своите локални и регионални добавувачи за нивните достигнувања во 2014 и 2015 година. DRÄXLMAIER Малезија по втор пат ја доби наградата „Local Content Parts Supplier of the Year". Обновената награда е дополнителна потврда за исклучителноста на DRÄXLMAIER Group во однос на квалитетот на производите и сигурноста при испораката.

 

 

Qualitas Award

Qualitas Award

Fiat Chrysler Automobiles на DRÄXLMAIER Group ја додели наградата Qualitas Award 2015. Со оваа награда, автомобилскиот производител секоја година им оддава признание на своите најдобри добавувачи во 18 категории, од приближно 1.000 добавувачи во регионот на EMEA (Европа, Среден Исток и Африка). DRÄXLMAIER Group ја освои наградата Qualitas во категоријата Chemicals. DRÄXLMAIER е најголемиот снабдувач на ентериер на Maserati, еден од премиум брендовите на Fiat Chrysler Automobiles.

Top 500 Award

Top 500 Award

DRÄXLMAIER Group е една од најбрзо растечките компании во Германија. Во 2015 година, Светската Групација ја награди DRÄXLMAIER со наградата Топ 500 за одржлив раст. Еднаш годишно, жирито од висок ранг во име на Светската Групација како и консултантската фирма Accenture внимателно ги разгледуваат 500-те најголеми германски компании. Оние кои се карактеризираат со особено силен и континуиран раст, се почестени со наградата Топ 500. Покрај тоа, жирито оценува колку се иновативни компаниите и каква вредност создаваат нивните бизнис модели. Во 2015 година, DRÄXLMAIER го освои третото место.

Red Dot Award

Red Dot Award

Со својот композитен материјал DecoSOUL (Structured Organic Unlimited Layering), DRÄXLMAIER Group е еден од добитниците на наградата Red Dot 2015 во категоријата Дизајн на производи. Интернационалниот автомобилски добавувач го убеди 38-членото стручно жири со квалитет и иновативна моќност на својата новодизајнирана површина.

BMW Supplier Innovation Award

BMW Supplier Innovation Award

Во категоријата „Ново технолошко искуство", DRÄXLMAIER Group ја доби наградата BMW Supplier Innovation Award за облогите на врати од природни влакна, изработени за моделот BMW i3. За прв пат, беше возможно носач на врата обложена со материјал направен од тропското растение „кенаф“ да се комбинира со тенок слој фолија, со што природното влакно е видливо и може да се почуствува. Со употреба на обновливи суровини може да се намали употребата на пластични материјали базирани на бензоати.

BME Innovation Award

BME Innovation Award

За својата високоуспешна меѓу-функционална стратегија за набавки, DRÄXLMAIER Group во Берлин ја доби наградата за иновации „BME- Innovation Award“ од Германското здружение за управување со материјали, набавка и логистика (BME). Концептот на набавка се карактеризира со висока транспарентност и валидност во глобалниот синџир на набавки.

 

 

 

Mehr zum Thema

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња