Работник во производство (М/Ж)

Локација: Кавадарци, Македонија

За сите заинтересирани кои имаат желба да работат во областа на електриката во автомобилската индустрија, компанијата Дрекслмајер нуди можност за вработување на работник во производство.

Работни задачи:

  • Монтажа и работа во производство на системи на кабли за електрични инсталации за мотори и електрични системи за германската автомобилска индустрија.
  • Вградување на компоненти во согласност со спецификациите и усогласеност со германските норми и стандарди на производство.
  • Имплементација на сите работни процедури и инструкции на компанијата, како и процедурите за квалитет. 
  • Да биде одговорен како работник, надзорник или шеф во зависност од квалификациите и перформансите.
  • Прием/обука на нови вработени според потребата

Вашиот профил:

  • Минимум завршено средно образование
  • Високо ниво на рачна умешност
  • Прецизност и високо ниво на свест и доверливост
  • Предност е искуство од областа на индустријата и познавање на странски јазик (германски или англиски)
  • Подготвеност за работа во смени
  • Распознавање на бои

На секој вработен му се нуди соодветна основна плата, бесплатен превоз и други бенефиции. Вработените добиваат стручно оспособување и обука. Компанијата обезбедува надоместоци за работа во смени и прекувремена работа. Високите здравствени и безбедносни стандарди се основа на сите активности на Дрекслмајер.

Огласот се однесува за следниве градови и нивната околина: Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Велес и Прилеп. Вашата пријава (мотивационо писмо, CV и фотокопија од диплома) испратете ја на Аpplications_macedonia@draexlmaier.de со назнака на позицијата за која аплицирате.

Ја очекуваме Вашата апликација!

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња