Барбара Бергмајер, генерален оперативен директор и член на бордот на DRÄXLMAIER Group ја посети фабриката во Кавадарци

20. September 2016 – Во мрежата на DRÄXLMAIER Group на светско ниво, локацијата во Кавадарци се етаблираше како важна затоа што овде се наоѓа фабриката за производство на кабелски сетови за Мерцедес C-класа.

Барбара Бергмајер генерален оперативен директор на DRÄXLMAIER Group и член на бордот, денес по втор пат ја посети фабриката во Кавадарци и имаше можност уште еднаш да се увери во компетентноста на нашите вработени. Покрај тоа, таа се информираше за производните процеси и моменталната состојба, а се дискутираше и за можните идни перспективи на фабриката. Бергмајер беше придружувана од регионалните менаџери на DRÄXLMAIER Group за Југоисточна Европа: Улрих Либек и Клаус Фукерспергер.

„Нарачките во производството се зголемени и тоа е добар знак. Во Кавадарци произведуваме производ кој е многу баран на пазарот во премиум- автомобилската индустрија, што ни потврдува дека работните места во оваа фабрика се сигурни,“ рече Бергмајер. „Нашите вработени се наоѓаат во центарот на вниманието на DRÄXLMAIER. Со нивниот ангажман произведуваме висококвалитетни производи кои ги испорачуваме на клиентот според принципот „точно на време и точно во секвенца“ (just-in-time и just-in-sequence)“, продолжува Бергмајер понатаму.

За време на посетата Барбара Бергмајер предводена од менаџментот на „Дрекслмајер“ Македонија направи обиколка на фабриката и можеше на лице место да се увери во работните услови и спроведените стандарди кои важат за целата DRÄXLMAIER Group на светско ниво.

„Во овие четири години „Дрекслмајер“ континуирано го зголемуваше својот квалитет и ефикасноста и истовремено се ориентира кон клиентиете, но и кон своите вработени. Се обучаваат вработените на сите нивоа во најразлични области и се моделираат производствените капацитети. Резултатот е што имаме стабилна фирма со околу 5000 вработени која е сигурен партнер на овој регион“, рече Лукас Мирингер, генерален технички директор на „Дрекслмајер“ Македонија.

„Со оваа посета уште еднаш се потврди сликата што ја имав за фабриката во Кавадарци. Овде ја имаме една од најдобрите локации на DRÄXLMAIER Group со одлични можности за развој и многубројни надоместоци за вработените.
Стандардите за заштита при работа се на највисоко ниво, како и во сите наши останати фабрики ширум светот. Тука создадовме глобални стандарди, кои важат и во Германија, САД и во останатите земји, на кои со право можеме да бидеме горди“, додаде Бергмајер.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња