Бесплатна школа за кошарка за учениците во Кавадарци

29. September 2016 – Бесплатната спортска школа за кошарка наменета за учениците од сите основни училишта во Кавадарци продолжува и оваа учебна година.

Уписите за учество се во тек, секој ден во просториите на спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.
За успешен и професионален тренинг се погрижи компанијата ДРЕКСЛМАЈЕР која комплетно ја потпомогна школата. Под менторство на кошаркарски тренер младинските екипи во машка и женска конкуренција ќе имаат можност да ги совладаат кошаркарските предизвици, а како дополнителен мотив на учениците, компанијата донираше и 50 кошаркарски топки.
Програмата за тренинг е адаптирана за почетници, но и за оние кои се веќе во понапредна фаза. Тренинзите ќе се одржуваат секој ден, а учениците ќе бидат поделени во групи според возраста.

„Задоволни сме што компанијата ДРЕКСЛМАЈЕР го поддржува спортот во Кавадарци и што овозможи школата за кошарка да биде достапна за сите ученици. Спортската сала „Јасмин“ ги кани сите заинтересирани ученици да се пријават на оваа програма. Пријавените учениците дополнително ќе бидат информирани за точните термини“, рече Сашко Атанасов директор на ЈП Спортска сала „Јасмин“. „Исто така драго ни е што имаме успешна соработка со компанијата и со проектот кадешто вработени на ДРЕКСЛМАЈЕР двапати неделно во определени термини можат да спортуваат во спортската сала „Јасмин“ и притоа можам да кажам дека интересот на вработените е прилично голем“, продолжи Атанасов.

„ДРЕКСЛМАЈЕР ги поддржува младите луѓе во повеќе области како што се спортот, образованието и културата. Да им дадеме можност на младите да го развиваат својот талент, а ние сме тука да ги обезбедиме потребните услови за нивен понатамошен развој и образование“, рече Лукас Мирингер, генерален технички директор на Дрекслмајер, Македонија.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња