Да ѝ се вратиме на природата, поддршка за Алшар 2017

12. June 2017 – Почуствувај ја природата – допри го сонцето, ДРЕКСЛМАЈЕР го поддржа фестивалот под отворено небо во тиквешкиот регион „Алшар 2017“.

Компанијата го поддржува и промовира здравиот начин на живот и квалитетното поминато време во природа. Велосипедизам, планинарство, пешачење, кампување. Ова беше изборот на  голем дел од вработени во тимот на ДРЕКСЛМАЈЕР кои изминатиот викенд заедно со уште многумина други учесници ги откриваа недопрените предели на Кожув Планина. Како семејна компанија особено ни е драго што не изостанаа и фамилијарните кампувања на наши вработени кои го поминаа викендот во прекрасните планински предели.

Се придружуваме и на кампањата за промовирање на велосипедот како превозно средство, па така со обезбедување и прилагодување на посебен простор за велосипеди на паркингот на компанијата ги охрабруваме вработените да користат велосипед.

„Ме радува што овде има толку многу љубители на природата и велосипедизмот. Го поддржуваме секој обид за промоција и мотивација на луѓето да се рекреираат во природа, но и што повеќе да користат велосипед. Драго ми е што настанот побуди голем интерес и кај нашите вработени во ДРЕКСЛМАЈЕР, а поддршката на активности од овој тип, нема да изостане и во иднина“, Лукас Мирингер генерален директор на ДРЕКСЛМАЈЕР Македонија.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња