Детски очиња кои блескаат

25. July 2014 – ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата донира креветчиња и столчиња во вредност од 1.200.000 денари за детската градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино.

На децата во Неготино им блеснаа очињата кога во средата претпладне за прв пат ги видоа сосема новите креветчиња и столчиња за нивната градинка. Опремата за установата ја донираше ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата. Во средата се одржа официјалното врачување на преку 200 креветчиња со душеци и столчиња во вредност од 1.200.000 денари од страна на Менаџментот на фабриката во Кавадарци, господата Лукас Мирингер и Георги Тренкоски.

Како поздрав за добредојде две дечиња од градинката облечени во традиционална народна носија ги пречекаа гостите со домашна погача и сол – стар обичај за добредојде во Македонија. „Се радуваме што сите вие дојдовте во нашата градинка по толку убав повод“, ги поздрави посетителите Раководителот на детската градинка, госпоѓа Весна Нацева. „Срдечно се заблагодаруваме на ДРЕКСЛМАЈЕР за велокодушната донација, на која децата многу се радуваат.“

Исто така, присутен беше и градоначалникот на Неготино, господин Ванчо Апостолов. Тој го пофали ангажманот на ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата во регионот. „Компанијата е најголемиот работодавец во земјата.
Донацијата за детската градинка покажува, дека ДРЕКСЛМАЈЕР исто така интензивно презема социјална одговорност за регионот.“

Безгрижно учење и играње
Менаџментот на фабриката на ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата во Кавадарци, господата Георги Тренкоски и Лукас Мирингер, како татковци во свои семејствa ја поддржуваат градинката во Неготино. „Децата се нашата иднинина – тие се скапоцени членови на општеството. За развојот на децата важно е што постојат места како овие детски градинки, каде што тие слободно можат да си играат, да учат и да стекнуваат искуство. Затоа се радуваме што притоа ние можеме да помогнеме“, вели господинот Мирингер. „Мојата ќерка штотуку наполни две години и наскоро ќе почне да посетува градинка. Се надевам, дека тогаш и таа ќе може да оди во ваква прекрасна установа“, изјави господинот Тренкоски.

Обајцата нагласија, дека ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата се ангажира за долгорочен успешен развој на регионот, како на пример со поддршка на социјалните и образовните установи, како детските градинки.

Како благодарност за донацијата децата од градинката пред гостите изведоа неколку точки со танцување. На крајот остана малку време за разгледување на установата и разговори со вработените и родителите.

Во Неготино живеат околу 1.000 вработени на ДРЕКСЛМАЈЕР, Македонија. Една од вработените, чиешто дете ја посетува детската градинка „Фемо Кулаков“, се радува за донацијата. „Како мајка многу ми олесна, што моето дете тука е одлично згрижено. Донацијата во мебел од Дрекслмајер обезбеди одлична опрема за детската градинка. Моето дете тука се чувствува многу удобно.“

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња