Добредојде за пратеници од Баварскиот парламент

27. June 2017 – Пратеници од Баварскиот парламент во посета на ДРЕКСЛМАЈЕР во Македонија.

Пратениците одблиску се запознаа со принципите на работа на компанијата, имплементираните меѓународни стандарди како и идните планови во Македонија. Во фокус на посетата исто така беше и концептот на дуално образование, односно програмата за двојна настава.

Гостите придружувани од директорот Лукас Мирингер направија обиколка низ фабриката и имаа можност да стекнат слика од производствениот процес и финалниот производ кој компанијата го испорачува на клиент од премиум сегментот во автомобилската индустрија.

„Воодушевена сум од она што го видов во „Дрекслмајер“ и драго ми е што во оваа баварска компанија се спроведуваат меѓународни стандарди кои важат глобално. Го поздравувам ангажманот во делот на образованието на младите луѓе, особено концептот на дуалното образование кој компанијата успешно го спроведува. „Дрекслмајер“ реализира многубројни добротворни проекти поврзани со регионот и секако ова е клучна карактеристика на една општествено одговорна компнија“, рече Силвија Штирштофер пратеник и претседател на комисија во Баварскиот парламент.

„Драго ми е што „Дрекслмајер“ беше домаќин на делегација од Баварскиот парламент и што пратениците имаа можност да понесат впечатоци од производствените процеси, моменталната состојба како и идните перспективи на компанијата. Се радувам што Кавадарци вчера беше местото кадешто се одржа една „баварска средба“, истакна генералниот директор Лукас Мирингер.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња