„Дрекслмајер“ донираше медицински апарат „Гастроскоп“ за болницата во Кавадарци

01. February 2017 – Околу стотина пациенти месечно од регионот на Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман отсега нема да има потреба да се упатуваат на Клиниката за Гастроентерохепатологија во Скопје.

 „Дрекслмајер“  ја поддржа кавадаречката болница донирајќи најсовремен медицински апарат „Гастроскоп“ за преглед на горниот внатрешно дигестивен тракт. Иако во болницата веќе имаше специјализиран и обучен медицински персонал за вршење на овој тип на прегледи, недостигала медицинска опрема за да можат пациентите соодветно да бидат третирани. Гастроскопот е веќе ставен во функција и успешно започнаа да се реализираат закажаните прегледи. 

„Веќе неколку месеци во одделението за интерна медицина вршиме прегледи со новата апаратура. Пациентите се информирани дека можат да закажат термин за преглед и на овој начин не само што имаме можност за рано дијагностицирање, туку и работиме на зголемување на свеста кај нашите сограѓани за важноста од превенција на болестите на внатрешниот дигестивен тракт“, истакна д-р. Еленчо Ридов началник на Интерното одделение. 

„Благодарение на компанијата „Дрекслмајер“  нашата болница е опремена со медицински апарат којшто ни беше многу потребен за вршење на прегледи во интерното одделение. Имаме обучен персонал, одлична опрема и затоа ми е особено драго што пациентите ја имаат можноста овде да закажат преглед и веќе нема потреба да се упатуваат на клиниката во Скопје“, рече д-р. Орце Ангеловски, директор на Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци.

„Во „Дрекслмајер“ луѓето се секогаш во центарот на вниманието. Затоа компанијата и понатаму останува партнер на регионот и во иднина ќе поддржува најразлични проекти кои се од суштинско значење и заеднички интерес на сите“, Лукас Мирингер технички директор на „Дрекслмајер“ Македонија.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња