Дрекслмајер отвори инфо центар во Кавадарци

28. March 2018 – Поблиску до вработените, подостапни за заинтересираните! Канцеларијата на Дрекслмајер во центарот на Кавадарци е отворена за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за компанијата, но и да се приклучат на тимот.

Денес свечено беа отворени вратите на Дрекслмајер инфо центарот во Кавадарци. Отворањето на канцеларијата е со цел компанијата да биде присутна и достапна за граѓаните на Кавадарци и со свој тим на лице место да ги поддржи сите потенцијални кандидати при процесот на аплицирање.

Инфо центарот ќе овозможи информациите за компанијата да ги дознаете едноставно и брзо директно од нашиот персонал. Токму затоа во текот на денот без закажување на термин можете да се информирате за отворените работни позиции во фабриката, потребните критериуми, како и начинот на аплицирање. Едноставно и брзо со поддршка од нашиот тим ќе може да се аплицира за вработување во компанијата.

„Вработените се најголемата вредност за Дрекслмајер. Токму затоа секогаш се трудиме да најдеме начин за да излеземе во пресрет на нивните барања и да бидеме што подостапни за нив. Во новоотворената инфо канцеларија им посакуваме добредојде на сите заинтересирани за компанијата и тука сме да одговориме на нивните прашања“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер, Македонија. Тој ги поздрави присутните гости и се заблагодари на градоначалникот на Кавадарци и на претставниците од Агенцијата за вработување во Кавадарци и Неготино за повеќегодишната добра соработка.

Дрекслмајер нуди многу атрактивни работни позиции во областа на производство, логистика, администрација и им овозможува на нашите вработени одлични можности за кариера, професионален и личен развој во рамките на компанијата, бесплатни обуки и тренинзи и меѓународна размена на искуства во рамки на DRÄXLMAIER Group.

Канцеларијата се наоѓа наспроти поштата и е отворена секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот. Ве очекуваме!

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња