Германскиот заменик амбасадор во посета на ДРЕКСЛМАЈЕР во Кавадарци

26. October 2016 – Германскиот заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел г. Марко Акватичи ја посети фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци.

Менаџментот го поздрави амбасадорот, кој сакаше да се информира за предизвиците со кои се соочува  „Дрекслмајер“ како еден од поголемите работодавачи во земјата. Меѓудругото целта на посетата беше и лично запознавање со начинот на кој функционира компанијата, производствените процеси, работните услови и воспоставените стандарди по кои таа работи.

Г. Акватичи стапи на функција во месец јули годинава, а во овој почетен период од неговиот мандат изрази интерес преку директна посета на компанијата, подобро да го запознае начинот на работа. Заменик амбасадорот имаше можност и лично да ги обиколи производствените хали на фабриката и одблиску да ги запознае различните производствени процеси и условите за работа. 

„Дрекслмајер е германска компанија која во Македонија вработува повеќе од пет илјади луѓе. Како еден од позначајните работодавачи во земјава, компанијата  придонесува за развојот на економијата и намалување на невработеноста во овој регион. Драго ми е што во фабриката се работи според високи германски стандарди во сите области од производство, квалитет, работна средина како и безбедност и заштита при работата“, нагласи г. Акватичи.

Посетата беше искористена и за договарање на заеднички проекти од хуманитарен карактер помеѓу Германската Амбасада и „Дрекслмајер“ како и развивање и поддршка на моделот на дуалното образование во средните училишта, кој компанијата веќе успешно го спроведува.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња