Обновена оградата на најстарото училиште во Кавадарци

30. May 2016 – Ученици, наставници и вработени во компанијата „Дрекслмајер“ во неделата на 29. мај заедно ја бојадисуваа оградата на училишниот двор на едно од најстарите основни училишта во овој регион.

На 10. јуни ООУ „Димката Ангелов- Габерот“ во Кавадарци го слави патрониот празник на училиштето кое годинава прославува 80 години од неговото основање. Во училиштето, во чии клупи седеле многу генерации на ученици голем дел се и сегашни вработени во „Дрекслмаер“, а многумина од нив и родители чии деца се ученици во ова училиште.

По тој повод компанијата ја поддржа комплетната реконструкција на оградата, а последната фаза која вклучуваше нејзино бојадисување, се реализираше во заедничка акција на ученици и наставници од училиштето како и вработени во фабриката. Сите заедно вредно и со четките во раце за помалку од два часа комплетно го променија изгледот на 150 метарската училишна ограда.
„Среќни сме што пред крајот на училишната година успеавме да ја оствариме целта која подолго време ни беше во план. Оградата е целосно санирана и во ново руво. Особено сум задоволна од нашите ученици кои со радост ја прифатија предложената идеја на вработените од „Дрекслмајер“ за заедничко бојадисување. Оваа компанија е нашиот најголем донатор до сега, а се надевам дека соработката ќе продолжи и во иднина“, рече директорката на училиштето Весна Шошев.

„Групацијата ДРЕКСЛМАЈЕР е дел од општеството и е партнер на регионот која го поддржува образованието, културата, спортот и социјални проекти. Како глобална компанија, долгорочно ги поддржуваме регионите каде што сме присутни со избрани проекти. Покрај овие активности особено ни е важен развојот на младите луѓе. Драго ми е што имавме можност да дадеме поддршка на едно од најстарите основни училишта овде“, изјави генералниот технички директор на фабриката Лукас Мирингер кој и самиот учествуваше во акцијата.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња