Подароци за најмалите во детските градинки во Кавадарци и Росоман

02. September 2015 – Да го направиме престојот на дечињата во детските градинки пошаренолик.

За повесел и пошаренолик престој на децата од детските градинки во Кавадарци и Росоман, фабриката ДРЕКСЛМАЈЕР подари деветстотини мали подароци. Претставници на компанијата ги посетија децата од детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци каде што им ги предадоа играчките. Беше вистинско задоволство да се биде помеѓу дечињата и да се видат нивните радосни лица.
                      
„Благодариме за добиените подароци, дечињата со нетрпение ги отвораат и веќе си играат со играчките. Се надеваме дека во иднина ќе имаме уште многу заеднички проекти со компанијата Дрекслмајер, преку кои значително ќе се подобрат условите за престој во детските градинки од овој регион“, рече директорката на детската градинка „Рада Поцева“ -Снежана Ганчева.

Групацијата ДРЕКСЛМАЈЕР е одговорен партнер на регионот и преку своите активности ги поддржува културата, спортот, образованието како и социјални проекти. Во центарот на вниманието се младите луѓе за кои ДРЕКСЛМАЈЕР особено се ангажира и ги поддржува.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња