Решено прашањето со привременото депонирање на отпад во „Специјалниот завод“- Демир Капија

14. November 2016 – Јавната установа „Специјален завод“ - Демир Капија доби посебно издвоен и изграден простор за привременото депонирање на отпадот во кругот на објектот.

„Дрекслмајер“ Македонија излезе во пресрет на потребите на Заводот кој подолг период се соочувал со проблемот на привремено депонирање на сметот па сè до неговото конечно одведување од дворот на институцијата. Компанијата конструираше и огради посебно издвоен простор за депонирање, избетонирана е основата и се набавени соодветни контејнери.

Со решавање на ова прашање значително се подобрија хигиенските услови и се овозможи безбедно и непречено функционирање на штитениците на институцијата, кои претходно се движеле во несанираниот простор.

Покрај ова, одговорните од „Специјалниот завод Демир Капија“ посочија на потребата од репарација на пералните во објектот. „Дрекслмајер“ ги обезбеди потребните делови за нивна поправка и со своја екипа истите ги репарираше. Сега пералните се повторно функционални и во употреба.

„Благодарност до „Дрекслмајер“ што веднаш ни излезе во пресрет нам, но и на потребите на корисниците на нашата установа и што преку реализација на нашето барање значително ни го олесни и поедностави секојдневното функциoнирање во институцијата. Се надевам дека и во иднина ќе имаме успешни проекти и добра соработка со компанијата“ - Моника Ефремова директорка на ЈУ „Специјален завод“ - Демир Капија. 

„Како партнер на регионот, „Дрекслмајер“ поддржува повеќе проекти во различни области како образование, спорт, култура. Покрај нив и проектите од социјален карактер се во центарот на нашето внимание и нашата поддршка “ - менаџмент на „Дрекслмајер“, Македонија.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња