Во светот на индустриската мехатроника - Програма за практична настава

29. June 2016 – Повеќе од дваесетина ученици кои од следната учебна година ќе посетуваат настава во втора година во Средното индустриско училиште „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадaрци, покрај теоретската настава ќе имаат можност и практично да го применуваат стекнатото знаење.

„Дрекслмајер“ во соработка со европската Еразмус плус програма го поддржува овој дуален систем на настава. Имено, паралелно со теоретската настава во училишните клупи, ќе се одвива и практична примена на стекнатото знаење. Обуката на практикантите ќе ја вршат тренери кои во моментот се обучуваат од страна на меѓународен експерт за мехатроника од Германија кој е најмен и поддржан од Еразмус плус програмата. Дел од обучувачите се вработени на „Дрекселмаер“ кои во специјално опремената работилница во рамки на фабриката ќе ги внесат учениците-практиканти во светот на мехатрониката.

Работилницата во компанијата е прилагодена со единствена намена за едукативна практична настава каде учениците и практично ќе го применуваат теоретското знаење.
Истовремено се обучуваат и тренери-наставници од Средното индустриско училиште во Кавадарци кои и таму преку практична настава ќе им ги откриваат тајните на учениците од областа индустриска мехатроника.

Првата група на ученици дидати започнува со програмата од први септември, а веќе следната учебна година проектот ќе се прошири и ќе се обучат и нови тренери за следната генерација од втора година.

Уписите на нови ученици во Средното индустриско училиште „Киро Спанџов-Брко“ се во тек. Денеска е последниот ден од првиот уписен рок.
По завршувањето на средното образование и дуалниот систем на настава, најдобрите ученици од оваа програма ќе имаат можност за вработување во „Дрекселмаер“. Компанијата и понатаму ќе го поддржува образованието и развојот на младите луѓе.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби. Политика за колачиња