Дрекслмајер – партнер на регионот

20. March 2019 – Со над пет илјади вработени и производ за премиум сегмент во автомобилската индустрија, компанијата Дрекслмајер е активна во тиквешкиот регион.

Германската компанија DRÄXLMAIER Group во 2012 година ја основа ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Кавадарци. Компанијата изработува комплетен кабелски сет за врвен автомобилски производител и со квалитетeн производ ја стекна довербата кај нашиот клиент.

Уште во првите неколку години Дрекслмајер забележа голем раст и го зголеми бројот на вработени од неколку стотини на преку четири илјади вработени. Во моментот, во фабриката во Кавадарци работат над пет илјади вработени.

Како долгорочен партнер на регионот соработуваме и ги користиме услугите на над шестотини домашни фирми. Годишниот обрт со домашните компании изнесува над десет милиони евра.

Дрексмлајер во земјата е водечка компанија во областа на дуалниот модел на образование и во соработка со Делегацијата на германското стопанство и Министерството за образование го спроведува дуалниот концепт според германски стандарди.

Согласно визијата и мисијата на DRÄXLMAIER Group, поддржуваме проекти од пошироко општествено значење и според нашиот донациски план поддржуваме проекти од областа на образованието, културата, спортот како и бројни социјални активности.

„Горди сме што во Кавадарци имаме Дрекслмајер фабрика која испорачува производ со врвен квалитет на нашиот клиент во Германија. Драго ни е што работиме и на нов производ за електричен автомобил, со што сигурно чекориме понатаму. Благодарни сме за досегашниот ангажман на сите наши вработени и остануваме фокусирани на истата цел и понатаму. Доброто на нашите вработени останува врвен приоритет за нашата компанија“, - Лукас Мирингер, генерален директор на ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Кавадарци.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња