Нови автобуски постојки за Неготино и Росоман

16. May 2019 – Дрекслмајер донираше нови постојки за општините Неготино и Росоман.

Кавадарци, 16. мај 2019 година - Од неодамна жителите на Неготино и Росоман користат нови, модерни автобуски постојки кои се донација од компанијата Дрекслмајер. Постојките во Неготино се современо опремени и на градот му даваат еден поинаков лик. Во склоп на една од нив ќе биде пуштен во употреба и киоск, со што на граѓаните им се нуди практично и функционално решение.

 „Ја поздравуваме поддршката на компанијата Дрекслмајер, како и постојаното инвестирање во заедницата. Овој пат преку донација на современи автобуски постојки во Неготино. Ова е нешто кое на граѓаните од нашиот град одамна им беше потребно. Особено сме задоволни што компанијата излезе во пресрет на нашите барања и ги исполни очекувањата во однос на тоа како би сакале да изгледаат постојките“ – Весна Ѓорчева, архитект во Општина Неготино. 

Во склоп на проектот беше вклучена и Општина Росоман која исто така го промени својот лик. Пет автобуски постојки, донација од нашата компанија, беа поставени на неколку клучни локации за жителите на ова населено место. ,

„Според нашиот план за поддршка на регионот се разбира дека и помалите општини се составен дел од истиот и токму затоа нѐ радува фактот што покрај Неготино и жителите на Росоман веќе извесен период имаат можност да ги користат новите автобуски постојки“ – Лукас Мирингер, генерален директор на фабриката Дрекслмајер во Кавадарци.  

Дрекслмајер е приватна, семејна компанија која поддржува социјални и одржливи проекти со намера да ја зајакнува довербата како партнер на регионот. Вредностите на компанијата се темелат на поддршката која ја пружаме на заедницата и разните општествени групи. Особено нè радува тоа што голем број на жители ги чувствуваат придобивките од реализираните проекти.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња