Опрема и реновирана училница за средношколците во стручното училиште во Кавадарци

21. September 2018 – Во комплетно реновирана училница, опремена со современи машини и алатки, компанијата Дрекслмајер ја поздрави првата генерација на ученици кои од овој септември започнуваат со изучување на нов стручен профил „Техничар за индустриска мехатроника“.

Дрекслмајер во соработка со Министерството за образование и наука и Делегацијата на германското стопанство во Македонија од годинава во Македонија го спроведува моделот на дуално стручно образование според германски терк и прилагодена наставна програма. Во пилот проектот ученици од една паралелка од Средното стручно училиште „Киро Спанџов- Брко“ ќе го изучуваат новиот стручен профил Техничар за индустриска мехатроника за што по четири години ќе се стекнат со диплома за овој новововеден образовен профил. 

За да можат средношколците во најсовремени услови да изведуваат вежби во склоп на училишната настава, Дрекслмајер целосно ја реновираше училницата за практична работа и донираше машини и алатки соодветни на наставната програма. Покрај индустриските мехатроничари, во кабинетот практична работа ќе изведуваат и учениците кои изучуваат други области како: Електроника, Енергетика и Телекомуникации.

Барбара Гербер, одговорна за образование и обуки во компанијата DRÄXLMAIER Group ги поздрави присутните и ги истакна двата важни поводи: „Драго ми е што сме овде и официјално да ја ставиме во функција училницата, која доби ново руво и е комплетно реновирана и опремена. Исто така се радувам што од годинава ја имаме првата генерација на ученици кои се дел од пилот проектот на дуалното стручно образование според германски стандарди.“  Генералниот директор на Дрекслмајер Македонија се заблагодари на претставниците од Министерството за образование и наука и Делегацијата на германското стопанство во Македонија за заедничкиот ангажман и партнерски однос при прилагодување на наставната програма за образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника.

Моделот на дуално стручно образование подразбира теоретската и практичната настава за учениците во училиштето, како и практични вежби еднаш неделно, во специјално прилагодената работилница во рамки на фабриката Дрекслмајер во Кавадарци. По успешното завршување на четиригодишното образование, учениците ќе бидат теоретски и стручно оспособени за вклучување на пазарот на трудот, а секако би можеле да го продолжат своето образование понатаму.

На свеченото примопредавање, директорот на училиштето Драги Ташев и претставникот на Делагацијата на германското стопанството во Македонија Тобијас Боле изразија надеж дека и останатите компании и училишта ќе го следат овој пример и ќе се вклучат во програмата за дуално стручно образование.

Дрекслмајер Македонија од 2015 година обезбедува услови за практична работа за повеќе од 60 средношколци. Со почеток на оваа учебна година околу дваесетина ученици и официјално се дел од наставната програма за дуално стручно образование со зголемен број на часови, предвидени за учење преку работа. Во изминатите неколку години DRÄXLMAIER

Group во многубројни земји ширум светот спроведува дуално образование според германски модел и стандард. Во моментот компанијата обучува околу 1000 ученици на 28 локации.
Инвестирањето во образованието обезбедува сигурна иднина и перспектива за младите луѓе!

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња