Противпожарната единица во Кавадарци доби нова стандардизирана и унифицирана опрема од Дрекслмајер

02. November 2018 – Противпожарната единица во Кавадарци доби нова стандардизирана и унифицирана опрема од Дрекслмајер

Противпожарниот тим во Кавадарци отсега е опремен со унифицирана и стандардизирана противпожарна опрема. Секој пожарникар доби огноотпорно одело, шлем, чизми и ракавици, и ова е потребно за ефикасно и професионално извршување на секојдневните задачи на противпожарната екипа.

„Последните неколку месеци имаме позитивни и значајни промени во нашата единица. Се зголеми бројот на пожарникари за десет нови колеги, добивме комплетно нова противпожарна опрема благодарение на Дрекслмајер, а во меѓувреме се гради и нова зграда, во која ќе бидеме сместени“, истакна Александар Чадамов, командир на Територијалната противпожарна единица, Кавадарци.

Опремата ја предаде генералниот директор на Дрекслмајер Македонија Лукас Мирингер, кој го поздрави тимот на пожарникари и додаде: „Драго ми е што имавме можност да придонесеме за поголема професионалност и ефикасност во Вашето работење. Се надевам дека во однос на Вашата примарна задача ќе биде потребно што помалку да интервенирате во противпожарната заштита. Исто така драго ми е што противпожарниот тим е вклучен и во други активности за разубавување на градот и создавање на услови за поубаво и побезбедно живеење во Кавадарци.“

Дрекслмајер го поддржува регионот преку реализација на бројни активности. Во фокусот на компанијата се образованието, културата, спортот и социјалните проекти.

Сподели

Сподели Twitter LinkedIn Facebook Google+ Xing Mail Print
DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња