
Системи за е-мобилност
Моќ
во вистинските насоки
Иноватор
и визионер
Од самиот почеток бевме иноватори и визионери во автомобиската индустрија дури и кога станува збор за електромобилноста. Исто така, ние припаѓаме на пионерите и на „првата движечка сила“ на пазарот. Од самиот почеток на 2009 интензивно работевме на оваа тема, така што постојано ја проширувавме нашата експертиза и портфолиото на производи.
DRÄXLMAIER нуди комплeтен пакет за е-мобилност : од конектор за електрична енергија за полнење, преку жици и високо-напонски прекинувачи сè до батериски системи.
Контактирање
Приклучок за
полнење
Совршено интегрирано напојување со висок напон: Современите електрични автомобили можат сигурно и безбедно да се полнат со користење на нашиот интелигентен конектор за електрична енергија со прецизна технологија за набљудување на температурата. Проширените функции и опциите за дизајн можат да се реализираат со интегрирање на елементи за осветлување.

Контактирање
Високо-напонски
приклучок
Моќен, издржлив и безбеден: Нашите високонапонски приклучоци од Класа 4 и Класа 5 се дизајнирани за директна апликација до 1000 волти. Нивниот цврст дизајн обезбедува високо ниво на заштита од вибрации, промени на температурата и корозивно влијание.

Контактирање
dHPT
Терминал со високи перформанси
Поврзување без проблем: Како патентиран високонапонски контакт за сите нивоа на напон, терминалот со високи перформанси на DRÄXLMAIER ги исполнува сите безбедносни барања во однос на вибрациите и варијациите на температурата.

Дистрибуција
Високо-напонска
двојна шина
Мултиталентирана: Поради ефектот на откажување на полето, незаштитената високонапонска двојна шина нуди оптимална електромагнетна компатибилност без оглед на нивото на напон. Истовремено, таа е компактна, добро ја распределува топлината на голема површина и може автоматски да се инсталира.

Сигурност
Високо-напонска
кутија за прекинувач
Е-интелигенција: како интерфејс помеѓу високонапонската батерија и влечниот електричен систем, високонапонската кутија за прекинувачи нуди прецизно мерење и контрола на електрониката, која ги исполнува барањата на ASIL ниво на ризик C. Вклучува и сензор за струја, напон DIUS како и DRÄXLAMАIER системи за управување со батерии.

Сигурност
dIUS
Сензор за струја и напон
Со способност да ја пресметува точната количина на преостанатиот опсег, сензорот за струја и напон dIUS е пионерска, мошне прецизна единица за мерење со мали просторни побарувања. Сензорот гарантира прецизно одредување на капацитетот во високонапонската батерија за време на целиот нејзин животен век.

Сигурност
Единица за
контрола на батеријата
Лоцирана на интерфејсот, контролната батериска единица како компонента за безбедност и сигурност, континуирано ги пресметува состојбите на полнење, исправност и функционирање на батеријата, пренесувајќи ги информациите до другите компоненти на возилото.

Чување
Високонапонски
батериски системи
Со концентрирана моќност на батеријата за постигнување максимални перформанси и опсег, станува збор за пионерски батериски системи oд DRÄXLAMАIER за електрични и хибридни возила, кои што обезбедуваат моќност до осумстотини волти, имаат компактни димензии и ги исполнуваат највисоките безбедносни барања (ASIL D).

Чување
Контролор на
ќелии
За здрави ќелии: обезбедува висок степен на заштита од преполнување и празнење преку континуирано следење и балансирање на сите батериски ќелии. Контролорот на ќелии е достапен во различни конфигурации како внатрешно и надворешно решение.

Складирање
dPack
ќелиски модул
Стандардизирани и флексибилни: Нашите ќелиски модули со високи перформанcи и густина на енергијата можат индивидуално да се конфигурираат за да ги задоволат желбите на клиентот. Ова гарантира максимална флексибилност во поглед на геометријата, капацитетот, перформансите и опсегот на напон.

Системи за Е-мобилност
Факти
што вреди да се знаат