Услови за користење

Овие интернет страници треба да Ве информираат за нашите производи и Дрекслмајер групацијата. Дрекслмајер групацијата го задржува правото содржината на нејзините интернет страници да ја промени без претходно известување или образложение на причините за истото.

Изземање од одговорност
Оваа интернет страница е составена со голема грижливост. Но и покрај тоа Дрекслмајер групацијата не може да гарантира за безгрешноста и точноста на информациите. Дрекслмајер групацијата прави напори да ја одржува оваа интернет страница во актуелна состојба со помош на постојано ажурирање и надополнување на информациите. Содржините претставуваат необврзни информации. Се задржува правото на подоцнежни промени. Дрекслмајер групацијата се иззема од секаква одговорност за штети, кои настануваат директно или индиректно поради користењето на оваа интернет страница, доколку истите не се засноваат на намера или груба небрежност.

Интернет страниците на Дрекслмајер групацијата може да содржат линкови до веб страници на други организации во земјата и странство, врз кои Дрекслмајер групацијата нема влијание. Дрекслмајер групацијата не презема одговорност за содржините на овие интернет страници. Овие интернет страници се на одговорност на дотичниот оператор. Дрекслмајер групацијата при првичното поставување на надворешните линкови ги преиспитува содржините на туѓите интернет страници, дали евентуално постојат повреди на правата. Тогаш не биле евидентирани повреди на правата. Дрекслмајер групацијата нема никакво влијание врз актуелното или идното вообличување на линкуваните страници како и врз содржините на линкуваните страници. Поставувањето на надворешните линкови не значи дека Дрекслмајер групацијата ги присвојува содржините, кои се наоѓаат на поставените линкови. Постојаната контрола на надворешните линкови за Дрекслмајер групацијата е неразумна без конкретно укажување на повреди на правата. Но доколку се дојде до сознание за повреди на правата, надворешните линкови веднаш ќе бидат избришани.

Интернет страниците на Дрекслмајер групацијата можат да содржат туѓи публикации, изјави и ставови на професионалци. Информациите, кои се означени како такви публикации, изјави или ставови и кои непосредно се наоѓаат на интернет страниците на Дрекслмајер групацијата или се достапни преку некој линк, го пренесуваат само мнението на дотичниот професионалец, кое не е нужно да биде идентично со мнението на Дрекслмајер групацијата. Исто така Дрекслмајер групацијата не сноси одговорност за тоа дали овие информации и мненија се точни и целосни.

Интелектуална сопственост
Сите информации, слики, илустрации, податоци и.т.н., кои се содржат на интернет страниците на Дрекслмајер групацијата, доколку не е поинаку одредено, се сопственост на Дрекслмајер групацијата. Содржините на интернет страниците се заштитени со авторски права.

Содржините на овие интернет страници смеат да се умножуваат само за приватна употреба и наведување на забелешката за авторско право © Copyright 1999-2013 Дрекслмајер групација, Филзбибург, Германија сите права се задржани. Сите слики, текстови, графики, тонски датотеки, анимации и видеа, како и нивниот распоред се заштитени со законот за авторските права и со други закони за заштита на интелектуалната сопственост. Содржината на оваа интернет сраница не смее да се копира за комерцијални цели, да се дистрибуира, менува или да се користи на други веб страници. Некои интернет страници на Дрекслмајер групацијата меѓудругото содржат и слики, кои се заштитени со авторските права на трети лица. Доколку не е поинаку одредено, сите трговски марки на веб страницата на Дрекслмајер се заштитени како трговски марки. Ова особено важи за трговските марки на Дрекслмајер, таблите за означување, логото на фирмата и амблемите.

Особено е важно да се напомене дека со ставањето на оваа интернет страница на располагање не се доделува лиценца за авторски права, патенти, трговски марки или други права односно не е основа за истото. Дрекслмајер групацијата ќе преземе мерки за секоја повреда на нејзините права на интелектуална сопственост.

DRÄXLMAIER користете колачиња за да се прилагоди овој веб-сајт на Вашите потреби Политика за колачиња