Демир Капија со летниковци на осум локации

24. јуни 2021 Дрекслмајер донираше осум летниковци во склоп на проектот за уредување и разубавување на природните локалитети во Општина Демир Капија.

Кавадарци, 8 јуни 2021 – Следејќи ја својата стратегија за заштита на животната средина и одржлив развој, Дрекслмајер донираше осум летниковци распоредени на исто толку различни локации во Oпштина Демир Капија. Согласно желбите и потребите на посетителите на природните убавини во демиркапискиот регион, дел од летниковците се поставени во специфични области каде изобилува прекрасна природа и живописни пејзажи. Реонот на Маркова чешма, на местото каде реката Вардар влегува во Демиркаписката Клисура, во близина на пазарот, кај изворот во близина на црквата Св. Петка, потоа во природата на атарот на селото Чифлик и на јужната падина на „Велико Брдо“, каде посетителите ќе можат да уживаат во пространите лозови насади. Два од летниковците се лоцирани на крајбрежјето на реката Бошавица.

„Еден од фундаменталните принципи на нашето постоење е грижата за животната средина. Како компанија максимално сме посветени на развој на еколошката свест, заштедата на енергија преку обновливи извори, заштитата при работа и заштитата на здравјето на луѓето. Континуирано ги следиме глобалните стандарди за одржлив развој и дејствуваме директно на нашите локации. Драго ни е што можеме да дадеме свој придонес кон уредувањето на неколку природни локалитети во регионот на Демир Капија каде жителите од овој реон, но и граѓаните од целата земја ќе можат да уживаат во природните убавини што ги нуди Демиркаписката Клисура.“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Со оваа донација, Дрекслмајер сака да испрати порака дека треба да бидеме во контакт со природата, но истовремено имаме одговорност и да ја заштитиме. Ова е должност на секој поединец, но и на компанија и подразбира грижа во средината во која дејствува.

„Многу сме ѝ благодарни на компанијата Дрекслмајер со чија помош и поддршка ги разубавивме природните локалитети во нашата општина. Состојбата со пандемијата нѐ научи дека повеќе време треба да поминуваме во природа, така што овие летниковци ќе придонесат за подолго уживање во природните убавини на различните локалитети. Како општина заедно со посетителите, посветено ќе се грижиме за чистотата и одржувањето на овие летни куќички со цел истите да ги користат многу идни генерации и да бидат убав спомен на соработката со Дрекслмајер,“ велат од Општина Демир Капија.

Дрекслмајер е лојален партнер на регионите во кои што делува. Токму затоа компанијата ќе продолжи да развива и да реализира проекти со кои ќе дадеме поддршка во подобрувањето на секојдневието на граѓаните.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 74.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2022 година обртот на компанијата изнесуваше 5.1 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.