DRÄXLMAIER го поддржува спортот

08. јуни 2018 Нова спортска опрема за три фудбалски тимови од регинот.

Дрекслмаjер како познат партнер на регионот го поддржува спортот и особено младите луѓе. Овој пат во фокусот беа ставени три фудбалски тимови од различни места: Градскиот фудбалски клуб Тиквеш – „ГФК Тиквеш“ од Кавадарци, „ФК Габер“ Ваташа и детскиот фудбалски клуб „Young boys“ од Неготино добија нова спортска опрема.

Дрекслмаjер ја препозна амбицијата и силната желба за успех на младите фудбалери на „ГФК Тиквеш“ и го поддржа тимот со комплетна спортска опрема. „Во следната сезона ќе го дадеме најдоброто од себе да постигнеме добар резултат. Драго ми е што Дрексeлмаер како како една од најголемите компании го поддржа нашиот клуб“, рече Миле Масларков, претседател на клубот.

И „ФК Габер“ од Ваташа е тим на млади и амбициозни момчиња кои добија нова спортска опрема од Дрекслмајер: професионални дресови, тренерки и копачки. „Благодарение на Дрекселмаер имаме можност да тренираме и играме фудбал во нова професионална опрема. Дел од фудбалерите се и вработени во компанијата и токму затоа сме горди што Дрекслмајер е нашиот главен поддржувач“, -истакна Киро Толев, тренер на клубот.

Исто така триесет и три дечиња на возраст од шест и седум години кои тренираат фудбал како вистински професионалци добија спортска опрема. Малите фудбалерчиња од клубот „Young boys“ од Неготино тренираат минимум двапати неделно и учествуваат на многу фудбалски турнири низ земјата. „Спортот и рекреацијата се многу важни за децата. Тие се многу вредни и со радост доаѓаат на тренинзите, што особено ме прави горд. Нивната најголема желба беше да добијат тренерки во боите на нивниот омилен фудбалски клуб. Компанијата Дрекслмајер им ја исполни оваа желба, а нивните радосни лица говорат сѐ.“ – Александар Павлов, тренер и претседател на клубот.

Дрекслмајер останува партнер на регионот

Спорт, образование, култура и социјални проекти – компанијата Дрекслмајер останува доследна на својата цел да го поддржува регионот и да биде негов лојален партнер. „Драго ми е што имаме многубројни акции за поддршка и што успеваме да ги подобриме условите во кои функционираат и се активни дел од институциите, клубовите, здруженијата. И во иднина преку реализација на разновидни проекти Дрекслмајер ќе остане лојален партнер на овој регион“, Лукас Мирингер генерален директор на Дрекслмајер, Македонија.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 75.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2020 година обртот на компанијата изнесуваше 4.2 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.