Дрекслмајер додели договори за вработување на најдобрите практиканти

06. јули 2021 Деветнаесет средношколци од СОУ „Киро Спанџов – Брко“ кои посетуваа практична настава во Дрекслмајер добија сертификати за успешно завршена практична обука.

Компанијата Дрекслмајер ја претстави третата генерација средношколци кои посетуваа практична настава во рамки на моделот на дуално стручно образование во специјализираната училница на компанијата. На учениците кои покажаа исклучително знаење и компетенции им беа понудени договори за вработување. Дел од нив ќе работат во фабриката во Кавадарци, а друг дел во фабриката на локацијата Куманово. Некои од практикантите го продолжуваат своето образование на студии, но истовремено и ќе работат во компанијата. На ваков начин овие млади и креативни луѓе ќе имаат можност професионално да се надоградуваат и лично да се развиваат.

„Дрекслмајер е компанија посветена на континуираното учење и поддршка на образованието. Среќен сум што овие млади луѓе ја започнуваат својата професионална кариера токму во нашата компанија. Упатувам честитки до третата генерација средношколци со надеж дека нема да застанат тука и дека храбро, совладувајќи ги сите препреки, ќе се движат по патот на професионалниот успех.“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија. Дрекслмајер и понатаму продолжува да го поддржува образованието на младите таленти во насока на создавање професионални кадри кои ќе придонесат за заедничкиот успех на компанијата.

На обострано задоволство, избраните кандидати ги потпишаа договорите за вработување со што и официјално се дел од тимот на Дрекслмајер.

„Ова е мојот прв договор за вработување и среќна сум што мојата професионална кариера започнува токму во компанија како што е Дрекслмајер. Благодарение на нашите специјално обучени тренери добив огромно знаење од областана на индустриската мехатроника. Покрај стекнатото знаење, за време на обуката запознав одлични другари со кои ќе продолжам да контактирам во иднина. Со нетрпение чекам да научам повеќе за мојата работна позиција.“, вели Рената Ристова која покрај Сертификат за успешно завршена обука доби и договор за вработување.

Дрекслмајер е водечка компанија во земјава која го спроведува германскиот модел на дуално стручно образование. Придржувајќи се на долгорочната стратегија за поддршка на образованието и професионалниот развој, компанијата секоја година овозможува практична настава во делот на мехатроника за учениците од средното образование. Практичната настава ја спроведуваат специјално обучени тренери во современо опремена училница во рамки на фабриката.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 74.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2022 година обртот на компанијата изнесуваше 5.1 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.