Дрекслмајер додели студентски стипендии

14. јуни 2018 Десет студенти од техничките факултети кои се четврта година и ги исполнија критериумите, станаа стипендисти на Дрекслмајер.

Младите и нивното образование остануваат во фокусот на Дрекслмајер. Компанијата продолжува со својата пракса и повторно поддржа дел од најдобрите студенти од техничките факултети при Универзитетите „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Стипендијата вклучува месечен паричен надомест за еден семестар како и едномесечна пракса во фабриката Дрекслмајер во Кавадарци. Практичната работа е осмислена од специјалисти инженери на DRÄXLMAIER Group, а секој студент ќе биде дел од тимот на одреден оддел. Стипендистите ќе бидат ангажирани на конкретна проектна задача, а низ креативниот процес ќе ги води ментор – специјалист.

Студентите пројавија огромен интерес за вклучување во стипендиската програма на Дрекслмајер. Избраните стипендисти се студенти кои го запишале осмиот семестар и ги исполнуваат пропишаните критериуми на компанијата. По одржаните интервјуа и тестирања при селективниот процес, беа одбрани најдобрите десет кандидати.

„Со нетрпение очекувам да започнам со работа на доделениот проект. Се надевам дека овде во Дрекслмајер ќе научам нешто ново и ќе стекнам почетно искуство во областа на Индустриското инженерство“, рече Наталија Момчиловска Димоска, студентка на Машински факултет, Скопје.

„Ќе имаме месец исполнет со интересни проекти и мотивирани студенти. Чест ми е што сум дел од стипендиската програма на компанијата и што ќе менторирам проектна задача на еден од нашите стипендисти“, истакна Бранкица Аргиева, менаџер во производство во Дрекслмајер.

Се радуваме на сите млади ентузијасти кои се придружуваат на нашиот тим и драго ни е што можеме да понудиме атрактивни работни позиции за разновидни стручни профили: Машински/електро инженери, технички лица, или пак ИТ специјалисти.

Дрекслмајер има долгорочна стратегија во поддршката и развојот на младите луѓе. Инвестирање во образование и знаење е инвестирање во иднината.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 75.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2020 година обртот на компанијата изнесуваше 4.2 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.