Дрекслмајер – Отворен ден за компаниите

25. јули 2018 Дрекслмајер ги отвори вратите за стотина домашни компании. На отворениот ден, компанијата пред претприемачите ги презентираше внатрешните корпорациските правила при процесот на набавки.

Како да се оствари првичен контакт со компанијата, каков е процесот на набавки и кои критериуми и услови треба да се исполнат за деловна соработка со Дрекслмајер. Ова се најчестите  прашања за кои се заинтересирани да добијат одговор домашните компании.

Иако Дрекслмајер успешно соработува со преку преку шестотини домашни компании, сѐ поголем е интересот на македонските потенцијални добавувачи кои се заинтересирани за деловна соработка. Токму затоа на отворениот ден за компаниите, актуелни, но и многубројни идни потенцијални добавувачи имаа можност директно од одговорните лица во Дрекслмајер да дознаат повеќе за целата постапка во синџирот на набавки.

Димитар Ефтимовски директор на продажба во компанијата „МЗТ Пумпи“ која е долгогодишен добавувач на Дрекслмајер ја поздрави идејата: „Ова е одлична можност да запознаваме нови партнери. Дрекселмаер е водечка компанија во многу области и е голема придобивка за економијата во овој регион“.

Од нарачка до испорака – целата постапка се одвива според внатрешни корпорациски правила кои гарантираат транспарентност и сигурност кај добавувачот, а целта на настанот беше да им се доближат овие правила и на потенцијалните македонски добавувачи. Исто така компаниите имаат можност да го запознаат и локалниот тим за набавки во Дрекслмајер како и да разменат контакти со одговорните лица.

„Големиот интерес за деловна соработка на домашните компании нам ни покажува дека тие во нас препознаваат сигурен, стабилен и атрактивен клиент. Особено се радувам што меѓу вас денес имаме и компании кои започнале како добавувачи на Дрекслмајер Македонија, а во последните години се развиле така што денес да се добавувачи на DRÄXLMAIER Group во светски рамки“, истакна во поздравниот говор Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

„Градењето на меѓусебната доверба е долготраен процес, а составен дел на нашето партнерство е обезбедувањето на услуги со највисок квалитет и според највисоки меѓународни стандарди“ - Маjк Штајнмец директор за индиректни набавки во DRÄXLMAIER Group.

Компанијата Дрекслмајер останува и понатаму отворена за соработка со заинтересираните домашни претприемачи. Нашиот партнерски однос е насочен кон спроведување на интернационални стандарди, креирање на компетитивна средина и препознавање и квалификување на нови технологии и добавувачи.

 

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 75.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2020 година обртот на компанијата изнесуваше 4.2 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.