Дрекслмајер отвори Инфо центар во Прилеп

17. јануари 2018 Од среда 17-ти јануари 2017, Дрекслмајер Македонија официјално ги отвори вратите на својот инфо центар и канцеларија за регрутација во Прилеп.

Целта е преку отворањето на инфо центарот компанијата да биде поблиску до своите вработени од Прилеп, но и до сите останати кои се заинтересирани да се придружат на тимот на Дрекслмајер. Во отворената канцеларија секој може да добие информации за компанијата и да аплицира директно за вработување. Персоналот стои на располагање да одговора на прашања и секако да ги води заинтересираните кандидати низ процесот на аплицирање.

„Драго ни е што неколку стотини вработени од Прилеп и неговата околина се ангажирани во
Дрекслмајер во Кавадарци и што тие во нашата компанија гледаат стабилен и сигурен работодавач. Дрекслмајер е партнер на овој регион, а ние и понатаму ќе продолжиме да ја зајакнуваме стекнатата доверба и добра соработка," истакна генералниот директор на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер на отворањето на инфо центарот. При своето обраќање тој им се заблагодари на присутните претставници на Општина Прилеп и Агенцијата за вработување за досегашната успешна соработка со надеж дека така ќе остане и во иднина.

Дрекслмајер вработува персонал од целиот Тиквешки регион, како и Прилеп, Велес и околните места и со над 5.000 вработени е еден од поголемите работодавачи во Македонија. Преку отворањето на инфо центарот компанијата ќе го засили своето присуство во прилепскиот регион и ќе го олесни првичниот контакт со заинтересираните апликанти.

Ги покануваме сите заинтересирани да го посетат инфо центарот во Прилеп и да се информираат за отворените работни позиции во повеќе области како што е производство, инженерство, администрација. Нашите врати се отворени секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот. Ве очекуваме да нѐ посетите!

Адреса: Канцеларијата се наоѓа на булеварот Гоце Делчев бб.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 75.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2020 година обртот на компанијата изнесуваше 4.2 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.