Германската амбасадорка и градоначалникот на Куманово во посета на Дрекслмајер Куманово

20. декември 2021 Амбасадорката Холштајн и градоначалникот Димитреивски по прв пат гости на Дрекслмајер локацијата Куманово

Амбасадорката на Сојузна република Германија Анке Холштајн и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ја посетија Дрекслмајер локацијата во Куманово како германска инвестиција во земјата чија втора фабрика започна да функционира во април 2021 година. На гостите им беа претставени принципите и вредностите на кои се темели работењето на Дрекслмајер, а добија сознанија и за тековните, но и идните производствени активности и стратешки проекти.

Според амбасадорката Холштајн новата Дрекслмајер фабрика во Куманово поставува уште повисоки стандарди коишто ќе треба да ги следат и останатите фабрики во земјата и регионот, така што ќе се создаде поголема конкурентност во насока на понатамошни развојни подобрувања. „Фокусот кон вработените, развојните стратегии и поддршката што ја добива заедницата се неколку клучни фактори коишто ја прават една инвестиција стабилна, а во истовреме и привлечна како работодавач“, потенцира амбасадорката Холштајн.

„Јас сум навистина импресиониран од она што имав можност да го слушнам, но и од она што можев да го видам во самата фабрика. Драго ми е што Куманово доби ваква капитална инвестиција која ќе донесе нови работни места, но и поголем економски развој на регионот“, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Директорот на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер за време на обиколката низ производствените капацитети на гостите им ги претстави најновите проекти и техничка опрема кои се на врвот на атрактивноста во делот на премиум сегментот на автомобилската индустрија. „Драго ни е што имавме можност да им посакаме добредојде и на амбасадорката, но и на градоначалникот на Куманово за прв пат во Дрекслмајер Куманово“, вели Мирингер потенцирајќи дека во фабриката во Куманово важат истите меѓународни стандарди како и во останатите Дрекслмајер локации низ светот.

Дрекслмајер, неодамна им подари компјутерска опрема и таблети на учениците од неколку училишта во Куманово и кумановскиот регион. Заедно со своите вработени, компанијата продолжува да иницира и реализира бројни проекти за поддршка на заедницата каде што делува.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 74.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2022 година обртот на компанијата изнесуваше 5.1 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.