Германскиот амбасадор во посета на Дрекслмајер во Кавадарци

26. февруари 2018 Менаџментот на Дрекслмајер му посака добредојде на германскиот амбасадор во Македонија г. Томас Герберих и го придружуваше за време на обиколката на фабриката.

Посетата му овозможи на г. Герберих директно да стекне впечаток за различните производствени процеси во компанијата. На средбата меѓу другото амбасадорот разговараше со генералниот директор Лукас Мирингер околу производствените процеси, технологиите како и имплементираните стандарди.

Исто така беа разменети мислења околу различни теми од областа на економијата, образованието и состојбата со пазарот на трудот. Особен впечаток на г. Герберих му остави посетата на работилницата за практична настава во фабриката, кадешто четириесетина средношколци од средното стручно училиште во Кавадарци посетуваат практична настава од областа на мехатроника. „Драго ми е што концептот на дуално образование полека го наоѓа својот пат во земјата и тоа што Дрекслмајер е една од водечките компании во спроведувањето на овој модел. Инвестирањето во младите и образованието е инвестирање во иднината", рече г. Герберих.

При разгледувањето на производствените хали, амбасадорот стекна увид во целокупниот синџир на производство: од првична подготовка на кабелските жици па сѐ до изработка на комплетниот производ - кабелски сет. При запознавањето со процесите, г. Герберих исклучително позитивен впечаток стекна од работните услови и добрата организираност во фабриката. При посетата амбасадорот беше запознат со бројните проекти кои Дрекслмајер во рамки на својата општествена одговорност ги реализира во регионот, а особено ја пофали поддршката во образованието, спортот и социјалните активности.

„Ни беше огромна чест и задоволство да му посакаме добредојде на германскиот амбасадор г. Томас Герберих во Дрекселмаер и да ги споделиме со него најважните одредници на нашата компанија: професионализам и квалитет, високи меѓународни стандарди и секако вработените секогаш во фокусот", истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекселмаер Македонија.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 75.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2020 година обртот на компанијата изнесуваше 4.2 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.