Ново ракометно игралиште од DRӒXLMAIER за основното училиште „Тоде Хаџи – Тефов“

31. мај 2022 DRӒXLMAIER со поддршка за учениците од кавадаречкото основно училиште

Основците од кавадаречкото училиште „Тоде Хаџи - Тефов“ ќе спортуваат на комплетно ново ракометно игралиште чија изведба во целост ја овозможи DRӒXLMAIER. Отсега учениците ќе имаат можност во соодветни услови да играат ракомет, но и да изведуваат други спортски активности.

Реконструкцијата на игралиштeто опфати повеќе активности како што се поставување нова стандардизирана подлога, соодветно обележување, како и обновување на заштитната ограда. DRÄXLMAIER, исто така, организираше и волонтерска акција за бојадисување на оградата на игралиштето. Вработените во DRӒXLMAIER како и родителите чии деца го посетуваат училиштето со многу ентузијазам се вклучија во волонтерската акција.

Поддршка за воспитно – образовниот процес
Според Лукас Мирингер, генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија, спортот како дел од воспитно едукативниот процес е исклучително важна алка во развојот на децата. „DRӒXLMAIER ќе продолжи да ги поддржува учениците и нивниот развој помагајќи во непречено и квалификувано спроведување на предвидената наставна програма. Верувам дека токму тука, на ова игралиште, ќе се развијат ракометни таленти кои ќе бидат дел од големите успешни клубови“, вели Мирингер.

Сигурен партнер на регионот
Учениците и наставниците искажаа голема благодарност до DRӒXLMAIER за поддршката која компанијата им ја дава на образовните институции во регионот од самите почетоци на своето основање. „Учениците се особено радосни затоа што имаме ново игралиште кое е целосно опремено. DRӒXLMAIER покажа дека, меѓу другото, за компанијата е важна безбедноста на учениците додека спортуваат, па затоа со поддршка на DRÄXLMAIER е обновена оштетената и дотраена ограда“, вели Марија Трајкова, директор на ОУ „Тоде Хаџи - Тефов“ од Кавадарци.

Претходно, DRӒXLMAIER го поддржа училиштето со донација на компјутерска опрема, а од септември оваа година па натаму учениците ќе имаат можност да се рекреираат и на постоечкото ракометно игралиште, но сега во ново модерно издание.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 74.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2022 година обртот на компанијата изнесуваше 5.1 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.