Воспитно–едукативни средства за градинките од регионот

09. февруари 2022 DRӒXLMAIER им подари играчки, дидактички и надгледни средства на дечињата од неколку градинки

DRӒXLMAIER ги израдува дечињата од неколку градинки во регионот со играчки и дидактички и надгледни средства кои ќе помогнат во остварувањето на образовниот процес. Градинките „Рада Поцева“ од Кавадарци, „Фемо Кулаков“ од Неготино и „Наша иднина“ од Прилеп, на голема радост на дечињата, новата година ја започнаa со нова рекреативна и едукативна опрема која е подарок од DRӒXLMAIER.

Додека престојуваат во градинка, децата треба да имаат чувство исто како да се дома, а воспитниот процес да се одвива преку игра. Покажувајќи колку децата се важни за возрасниот свет, DRӒXLMAIER како и многупати до сега, повторно ги поддржа градинките од регионот.

„Една од најважните задачи во воспитно – образовниот процес е поттикување на детскиот развој преку едукативни игри и активности. На ваков начин сметаме дека ќе придонесеме за унапредување и поддржување на работата на детските установи за предучилишна возраст. Вложувањето во најмалите, значи вложување во нашата иднина“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.

Децата со широки насмевки и голема радост ги дочекаа подароците од DRӒXLMAIER. Благодарност до компанијата изрази и воспитниот кадар во градинките. „Навистина сме среќни што DRӒXLMAIER се грижи и преку вакви донации го поттикнува развојот на најмалите и придонесува за поквалитетен третман на дечињата што пак води до поголем степен на хуманизација на општеството“, вели Цана Добринова, директорка на градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци.

DRӒXLMAIER продолжува да ја следи својата стратегија за општествена одговорност преку иницирање и организирање бројни активности заедно со своите вработени, а во насока на подобрување и унапредување на условите во регионот кадешто делува.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 74.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2022 година обртот на компанијата изнесуваше 5.1 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.