Засадени околу 3500 садници во кавадаречко

06. декември 2021 Дрекслмајер со успешна волонтерска акција за есенско пошумување

Вработените во Дрекслмајер Кавадарци успешно ја реализираа акцијата за пошумување нa висормнината Витачево во месноста Страгово во регионот на Кавадарци. Во соработка со јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Кавадарци беа засадени багремови садници на површина од околу еден хектар.

Како дел од стратегијата за заштита на животната средина, Дрекслмајер заедно со своите вработени иницира и организира бројни проекти и активности. И овој пат вработените волонтерски и многу мотивирано се вклучија во акцијата за пошумување во пределот Витачево каде во еден ден беа засадени околу 3500 садници.

„Секој од нас треба одговорно да се однесува, бидејќи единствено така ќе создадеме услови за подобар живот за сите генерации. Преку реализацијата на оваа акција сакаме да бидеме добар пример и да дадеме поттик за подигнување на свеста за грижата за животната средина“, вели Лукас Мирингер, Генерален менаџер на Дрекслмајер Македонија.
Дел од потребниот алат кој се користеше и во претходно реализираната акција за пошумување е донација од страна на Дрекслмајер, а останатиот дел, механизацијата како и стручна поддршка беа обезбедени од страна на подружницата на ЈП Национални шуми во Кавадарци.

„Ефикасното управување со шумите преку процесот на ревитализација придонесува за намалување на негативните влијанија врз животната средина. Драго ни е што Дрекслмајер традиционално организира ваков тип акции и повторно на дело ја покажува својата општествена одоговорност и грижа за животната средина. Заедно со вработените од компанијата успешно засадивме багремови садници во близина на изворот на реката Луда Мара со цел негова заштита од пресушување“, вели Митре Старчевски, шумарски инженер од кавадаречката подружница на ЈП Национални шуми.

Вработените во Дрекслмајер се горди на иницијативата за организирање на активности од ваков тип и преку тимска работа придонесуваат за општото добро на природата и на зедницата. „Потребно е да се организираат што повеќе вакви акции за пошумување. Денеска поминав квалитетно време со моите колеги и среќен сум, бидејќи знам дека со учеството во оваа волонтерска акција за пошумување направив добро дело“, вели Влатко Трајковски вработен во Дрекслмајер.

Дрекслмајер во целост и доследно ќе продолжи да ги спроведува своите стратегии за општествена одговорност во насока на поддршка на заедницата во која делува.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 74.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2022 година обртот на компанијата изнесуваше 5.1 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.