Заштитна медицинска опрема за Кавадарци и Велес

16. април 2020 Дрекслмајер донираше висококвалитетна заштитна медицинска опрема за Општата болница во Кавадарци и за Јавните здравствени установи во Велес.

Комплетна заштитна медицинска опрема за потребите на персоналот во болницата во Кавадарци и за Јавните здравствени установи во Велес донираше компанијата Дрекслмајер. Мината недела со скафандери, медицински маски, заштитни очила, ракавици, капи и навлаки за нозе, беше поддржана болницата во Кавадарци, а во текот на вчерашниот ден овој вид на опрема беше дониран и на Општинскиот кризен штаб во Велес. Понатаму заштитната опрема ќе биде соодветно распределена на Јавните здравствени установи во градот.  

„Се соочуваме со глобална здравствена криза од која никој не е поштеден. Заштитната медицинска опрема во овој момент е најпотребна на оние кои секојдневно се во првите редови и се грижат за здравјето на граѓаните. На овој начин сакаме да ги поддржиме здравствените работници и да го дадеме својот придонес во заштитата на јавното здравје“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер во Кавадарци.

Дрекслмајер е долгорочен партнер на здравствените институции во регионот, а во изминатите неколку години на овие установи беше донирана медицинска апаратура и возила според потребите на болниците.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 75.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2020 година обртот на компанијата изнесуваше 4.2 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.