Практиканти во DRÄXLMAIER

Која е вистинската
професија за тебе?

Практиканти во DRÄXLMAIER

Избери ја
твојата професија

Дали сте заинтересирани за брзиот развој на технологијата? Доколку сте импресионирани од новитетите во машинската индустрија, ние Ви нудиме бројни можности за соодветно работно искуство. Развијте ја Вашата креативност заедно со нас!

Практиканти во DRÄXLMAIER

Зошто да работиш со нас?

Практикантството во DRÄXLMAIER нуди можност за загарантирано вработување, одлична работна средина и многу можности за напредок по завршување на обуката.

Ова е DRÄXLMAIER

Придобивки

Независна семејна компанија

Сигурна работа во независна семејна компанија која опстојува со децени и има одлични односи со клиентите.

Флексибилно работно време

Флексибилно управување со времето во рамките на оперативните процеси и за време на обуката.

Продолжено образование и грантови

Техничка обука со користење на најнова опрема, континуирани тренинзи за техничар, како и сертификат за завршена обука.

Одлична работна средина

Учество на екскурзии, вклученост во спортски тимови и забави.

Учење од најдобрите

Целосна поддршка од тренери, практично искуство во техничките оддели.

Мобилност

Обезбеден транспорт од вашето место на живеење до локацијата за обука.

Волонтерска работа и можности надвор

Вработување во една од преку 60те DRÄXLMAIER локации во повеќе од 20 земји низ светот.

Обезбедени оброци

Пунктови за кафе и кантини на самите локации.

Гаранција за вработување

Вработување за сите заинтересирани и талентирани практиканти по завршувањето на обуката.

Карактери @ DRÄXLMAIER

Димитар Практикант

„Со посетувањето на практична настава во DRÄXLMAIER стекнав одлични знаења од областа на мехатрониката. Зедно со нашите тренери развиваме нови проекти на кои сме особено горди. Ме радува фактот што знам дека по завршувањето на практичната настава, ќе можам да бидам дел од тимот на DRÄXLMАIER.“

Карактери @ DRÄXLMAIER

Митко Практикант

„Она што нам како ученици во рамки на дуалното образование ни го обезбедува DRÄXLMAIER,  го нема во ниту едно училиште во Македонија. Овде научив многу за електроника и програмирање. Во иднина се гледам себе си како вработен во ИТ секторот на DRÄXLMAIER.“

Пробна пракса

Сѐ уште
се двоумите?

За време на пробната пракса во просториите наменети за обука, можете да испробате различни активности за да откриете која работа најмногу ви одговара.

Контактирајте нè преку e-mail. Ни треба само вашето име, на која возраст сте, степен на образование и областа за која се интересирате.