DRÄXLMAIER Групација
Информации за заштита на податоците
како дел од користењето на веб страницата
I. Контролор и податоци за контакт:
Контролор според значењето дадено во членот 4 став 1 точка 7 од Законот за Заштита на личните податоци е:
ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ Кавадарци (во понатамошниот текст именувана како „Контролорот“)
Адреса: Индустриска зона „Телот“
1430 Кавадарци
Република Северна Македонија
Офицерот за заштита на личните податоци, назначен од страна на Контролорот може да го контактирате на:
Офицер за заштита на лични податоци
ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ Кавадарци
Адреса: Индустриска зона „Телот“
1430 Кавадарци
Република Северна Македонија
II. Прибирање и обработка на личните податоци
Пристапување до веб-страната
Кога ќе ја посетите нашата веб-страница, од страна на нашиот веб сервер автоматски се прибирааат следниве податоци:
- Името на Вашиот Интернет сервис провајдер
- Веб-страницата која Ве поврзува со нашата веб-страница
- Страниците кои ги посетувате на нашата веб-страница
- Количината на префрлени податоци
- Адресата за Интернет Протокол (IP address)
- Датумот и времетраењето на посетата (сесијата)
- Јазикот на прегледувачот (browser)
- Видот, трговската марка, моделот на уредот и резолуцијата на екранот
- Оперативниот систем, прелистувачот и дополнителните компоненти на прелистувачот
- Внатрешно-пребараните поими
- Надворешни линкови (врски)
- Превземени (спуштени) документи
- Пребарувачи
Овие податоци се прибираат, зачувуваат и анализираат единствено поради статистички цели и поради обезбедување на сигурност на системот. Податоците се собираат анонимно и се чуваат одделно од сите лични податоци, односно не доаѓа до нивно спојување (мешање). Во овој случај на обработка на податоците, законската основа произлегува од членот 10 став 1 и алинеја 6 од Законот за заштита на личните податоци. Погоре наведените цели за прибирање и обработка на податоците исто така создаваат и законски (легитимен) интерес за нас. Прибраниот податок за адресата на Интернет Протоколот (IP address) за оваа цел, ќе биде избришана веднаш по анонимизацијата (алатката која ја зачувува приватноста, а сепак овозможува споделување на податоците), освен ако ние имаме право да ги задржиме податоците подолг временски период врз основа на статут или други правни основи.
Користење на формуларот за контакт
На располагање Ви стои нашиот формулар за контакт за да можете многу брзо и многу лесно да контактирате со нас. Сè што ние ќе Ви побараме, за да можеме да одговориме на Вашето барање, е важечка е-маил адреса, но Вие доброволно можете да обезбедите и понатамошни информации доколку сакате. Обработката на податоците за целта за воспоставување на контакт со нас произлегува од членот 10 став 1 алинеја 6 од Законот за Заштита на личните податоци, врз основа на Вашата доброволно дадена согласност кога ни ги испраќате Вашите податоци. Главната цел за обработка на податоците во овој случај ќе биде потребата за обработка на Вашето барање. Личните податоци кои ќе ги прибереме за користење на формуларот за контакт автоматски се бришат веднаш штом ќе се обработи Вашето барање, освен ако ние имаме право да ги задржиме податоците подолг временски период врз основа на статут или други правни основи.
III. Колачиња (Cookies)
Групацијата DRÄXLMAIER користи колачиња на индивидуалните веб-страници за да ги направи достапните услуги и содржините уште повеќе прилагодени на Вашите потреби. Колачињата се мали датотеки со текст кои се зачувуваат на Вашиот уред преку Интернет прелистувачот кој го користите.
Колачињата не му штетат на Вашиот уред и не содржат вируси, Тројанци или други штетни софтверски програми. Информациите се зачувуваат во колачето кое е поврзано со специфичниот уред кој се користи. Меѓутоа, ова не значи дека ние веднаш или директно го дознаваме Вашиот идентитет.
Некои колачиња се неопходни за да Ви овозможат користење на нашата веб-страница и нејзините карактеристики (тоа се единствено неопходните технички колачиња) или за да Ви овозможиме попријатно користење на сите содржини (аналитички и тн. колачиња за една сесија). На пример, ние ги користиме т.н. колачиња за една сесија кои ни дозволуваат да препознаеме дека Вие веќе сте посетиле одредени Интернет страници на нашата веб-локација.
Колачињата за една сесија се бришат автоматски по заминувањето од нашата веб-страница. Освен нив, за да се подобри корисноста на страницата, ние исто така ги користиме и тн. привремени колачиња кои се зачувуваат на Вашиот уред само одреден временски период (Ве молиме видете подолу). Кога повторно ќе ја посетите нашата веб-локација за да ги користите нашите услуги, колачињата автоматски ќе препознаат дека Вие и претходно сте ја посетиле нашата веб-локација, како и зачуваните внесени податоци и нагодувања кои сте ги направиле и нема да бара од Вас повторно да ги внесувате (оваа е функцијата на тн. аналитички колачиња).
Ние користиме и други аналитички колачиња за статистичко бележење (евидентирање) на користењето на нашата веб-страница, но и за да им направиме анализа со цел да овозможиме оптимизирање на нашата страница а со тоа и на достапните услуги за Вас. Следниот пат кога ќе ја посетите нашата веб-страница, овие колачиња ни дозволуваат автоматски да препознаеме дека Вие и претходно сте ја посетиле веб-страницата.
Во случајот со обработката на податоците од страна на единствено неопходните технички колачиња, обработката е потребна за дадената цел според законските интерeси кои се побарани од нас или од трета страна во согласност со член 10 став 1 алинеја 6 од Законот за Заштита на личните податоци. Нашите законски интереси произлегуваат од претходно наведените цели.
Аналитичките колачиња ги користиме врз основа на Вашата согласност (преку пораката за колаче, најчесто во долниот дел од екранот). Законската основа за ова е членот 10 став 1 алинеја 6 од Законот за Заштита на личните податоци. Онаму каде обработката на податоци се врши врз основа на постоечка согласност, Вие имате одредени права како „субјект на личните податоци“ (data subject, Ве молиме видете подолу). Вашата согласност можете да ја повлечете и без притоа да ги наведувате причините за таквата постапка. Повлекувањето може да биде неформално упатено до адресата на Контролорот и истото не влијае на законитоста на обработката на податоците која била извршена во минатото.
Податоците кои се обработуваат од страна на единствено неопходните технички колачиња се идентични со податоците кои се обработуваат кога се прави пристапувањето до веб-страницата (Ве молиме видете погоре).
Единствено, неопходните технички колачиња се чуваат сè додека не го затворите Вашиот прелистувач или најмногу еден месец (за апликацијата CookieBar Typo3). Аналитичките колачиња се чуваат во период од 14 месеци.
Најголемиот број на прелистувачи автоматски ги прифаќаат колачињата.
Сепак, Вие можете да го конфигурирате Вашиот прелистувач на начин на кој колачињата нема да се зачувуваат на Вашиот компјутер или да се појавува најава секогаш пред да се креира ново колаче. Меѓутоа, целосното оневозможување на колачињата може да значи дека Вие не би можеле да ги користите сите карактеристики понудени на нашата веб-страница.
IV. Користење и откривање на личните податоци и ограничување поради одредена намена
Сите лични податоци кои се генерирале во контекст на користење на нашата веб-страница и поврзаните услуги, се собираат, обработуваат и се користат во согласност со важечките регулативи за заштита на личните податоци. Тие служат единствено за целта на изведување на договорите и заштита на нашите сопствени легитимни деловни интереси, во однос на советувањето и поддршката за нашите клиенти и конструкцијата на нашите производи според нивните потреби. Ние нема ниту да ги продаваме Вашите лични податоци на трети страни ниту пак на друг начин ќе тргуваме со нив.
V. Надворешни алатки
Матомо (Matomo)
Оваа веб-страница го користи сервисот за аналитика под име Матомо (поранешен Piwik) за анализа и периодична оптимизација за користењето на нашата веб-страница. Статистичките податоци кои се генерираат ни дозволуваат да ги оптимизираме карактеристиките на нашата веб-страница и да создадеме попријатно искуство за Вас, корисниците. Законската основа за користењето на сервисот Матомо е членот 10, став 1 алинеја 6 од Законот за Заштита на личните податоци.
За да може да се направи оваа анализа, колачињата (Ве молиме видете погоре) се зачувуваат на Вашиот компјутер. Информациите кои се прибрани од страна на овие колачиња се чуваат исклучиво на серверите на Контролорот во Германија. Вие и самите можете да ја исклучите (оневозможите) следливоста преку бришење на постоечките колачиња и преку одбивањето/одјавата на колачињата (opting out). Ве молиме имајте во предвид дека, доколку одлучите да ги одбиете колачињата, Вие ќе имате ограничувања во однос на функционалноста на оваа веб-страница. Вие можете да ги одбиете колачињата преку промена на нагодувањата (settings) на Вашиот прегледувач. Отштиклирајте го квадратчето дадено подолу за да го одбиете следењето преку Матомо и да го овозможите активирањето на дополнителната компонента.
Вашата посета на оваа веб-страница моментално се следи од страна на Matomo Web Analytics. Ве молиме кликнете овде за да се одјавите.
Предупредување: Доколку ги избришете Вашите колачиња, ќе го избришете и колачето за одјавување, кое повторно ќе морате да го активирате.
Оваа веб-страница го користи Матомо со карактеристиката за анонимизација на адресата за Интернет протокол (AnonymizeIP), што значи дека адресите за Интернет протокол понатаму ќе се обработуваат во скратена форма за да се спречи нивно директно поврзување до конкретна личност. Адресата за Интернет протокол која е пренесена од страна на Вашиот прелистувач преку Матомо нема да биде споена (измешана) со другите податоци кои биле собрани од наша страна.
Матомо е софтвер со отворен код. За информациите кои се однесуваат на Политиката за приватност на трета страна (како добавувач), Ве молиме следете го линкот: matomo.org/privacy-policy/.
Дополнителни компоненти (plug-ins) од социјалните медиуми
На нашата веб-страница не користиме дополнителни компоненти од платформите за социјалните медиуми како на пример: Facebook, Twitter, YouTube или Instagram.
VI. Безбедност
Ние располагаме со и применуваме технички и организациски мерки за безбедност за да ги заштитиме податоците кои Вие ни ги ставате на располагање и овозможуваме истите да бидат заштитени против случана или намерна манипулација, губење, уништување или пристап од страна на неовластени лица. Нашите мерки за безбедност постојано се подобруваат во чекор со новите технолошки достигнувања.
SSL/TLS протокол за енкрипција
Оваа страница ја користи технологијата од SSL/TLS протоколот за енкрипција поради безбедносни причини, но и да го заштити пренесувањето на доверливите податоци, како на пример барањата кои ги упатувате до нас како оператор на веб-страницата. Вие можете да го препознаете енкриптираното поврзување (конекција) преку фактот што линијата за адресата на прелистувачот се менува од „http://“ во „https://“, но и според симболот за заклучување во лентата на Вашиот прелистувач. Доколку е овозможена енкрипцијата според SSL/TLS протоколот, податоците кои Вие ги пренесувате не можат во никој случај да бидат прочитани од трети лица (страни).
VII. Права на субјектите на личните податоци
Според членот 16 од Законот за Заштита на личните податоци, секој субјект на личните податоци има право на:
- Потврдување
- Пристап
- Корeгирање
- Бришење
- Ограничување (рестрикции) за обработка
- Преносливот на податоците (data portability)
- Приговор
- Повлекување на било која дадена согласност според регулативите за заштита на личните податоци
- Поднесување на приговор до надлежност за надзор, особено во земјата-членка која е Вашето постојано место на живеење, местото на работа или местото каде настанал наводниот прекршок.
Онаму каде обработката на податоците се изведува врз основа на законските (легитимните) интереси на Контролорот, Вие имате право да поднесете приговор за таквиот вид на обработка. Доколку поднесете приговор, ние ќе ја прекинеме обработката на податоците сè до времето кога ќе бидеме во можност да покажеме убедливи законски интереси за обработката на податоците. Доколку ние ги обработувме Вашите лични податоци врз основа на „законските (легитимните) интереси на Контролорот“ за директни маркетиншки цели, ние нема да ги обработиме Вашите лични податоци доколку се противите на обработката на Вашите податоци за директни маркетиншки цели.
Субјектите на личните податоци (Data subjects) можат да го контактираат Офицерот за заштита на податоци на Контролорот во било кое време за да можат да ги остварат своите права.
VIII. Важност и дополнувања на оваа Политика за заштита на податоците
Оваа Политика за заштита на податоците се смета за важечка од Февруари 2020 година.