Внатрешни системи

Внатрешни
елементи

Внатрешни елементи

Квалитет и искуство

Врз основа на нашето децениско искуство во областа на завршната обработка на кожа, основни и нови материјали, на нашите клиенти им гарантираме индивидуалност и луксуз во внатрешноста на автомобилот. Покрај тоа, нашите производи се извондредни, поради збирот на инженерска и производствена експертиза со исклучителен дизајн и иновативни функционалности. 

Внатрешни елементи

Иновации и експертиза

Иновативните решенија за ентериер на премиум автомобилскиот сегмент овозможуваат извондредно квалитетни површини и фасцинантни дизајни.

Внатрешни елементи

Секоe движење е важно

Фабричкото машинско шиење остава траги од иглите со кои се опшива кожата. Ова е причината зошто рачно се шијат облогите на инструмент таблите и централните конзоли. 

Внатрешни елементи

Како костум по мерка за секој автомобил

Нашите висококвалитетни инструмент табли, централни конзоли и панели за врати заедно функционираат во многу врвни автомобили, обезбедувајќи оптимална пријатна атмосфера во внатрешноста на автомобилот.

Внатрешни сиистеми

Иновативни процеси
во DRÄXLMAIER

Внатрешни системи

Дизајн на
површината

Површини

Најдобри парчиња

Секоја кожа е различна. Само совршено истренирано око на експерт може да ги препознае најдобрите парчиња кожа и да ги комбинира, создавајќи совршена хармонија во автомобилот.

Површина

Разновидност на варијанти

Без разлика дали станува збор за рачно изработена вистинска кожа, модерни површински материјали како што се видливите  природни влакна или иновативни материјали како DecoSoul, DRÄXLMAIER обезбедува индивидуалност во внатрешноста на автомобилот.

Површина

Индивидуален карактер

Карактерот на автомобилскиот ентериер е секогаш синтеза на материјали, површини, бои и распоред на површини. Сплит масата, моделите на шевовите и радиусите го прават резултатот совршен. 

Површини

Разновидност на варијанти

Без разлика дали станува збор за рачно изработена вистинска кожа, модерни површински материјали како видливи природни влакна или иновативни материјали како што е DecoSoul - DRÄXLAMIER нуди индивидуалност на автомобилскиот ентериер.

Внатрешни системи

Видови
амбиентално осветлување

Функционално осветлување

Интелигентни
дополнителни карактеристики

Амбиенталното осветлување започна како украсен елемент. Во иднина тоа ќе има и други функции, така што ќе влијае на психологијата и физиологијата на човекот.

Користејќи ја оваа одлика, би било можно да се прошири опсегот на електрични автомобили - на пример, ако ефектите во боја им овозможат на патниците да се чувствуваат потопло, тогаш реалната температура може да се намали и да се зачува енергијата за подолг опсег на возење.

Функционална интеграција

Индивидуализирани
табли за складирање

Со dTray easy, DRÄXLMAIER Групацијата разви висококвалитетен систем за складирање кој е интегриран во дизајнот.  Ова е прилагодлив систем за складирање кој крајниот корисник може да го отвори по потреба, така што тој останува во отворена положба со помош на едноставен механизам. Уникатниот механизам за затворање може да се управува само со една рака и без примена на голема сила.

Внатрешни системи

Факти
што вреди да се знаат

Разноликост на бои

Благодарение на RGB-LED диодите, светлосните решенија за амбиентално осветлување можат да репродуцираат до 284 трилиони бои.

Традиционална изработка

DRÄXLMAIER има 140 годишно искуство во работата со кожа.

Со бројки

DRÄXLMAIER обработува повеќе од 85.000 километри конец и кожа од 200.000 крави годишно.