
Електрични системи
Централен нервен
систем на автомобилот
Електрични системи
Искуство
и генијалност
Како пронаоѓач на специфични жичени кабелски сетови специјално прилагодени на потребите на клиентот, повеќе од 60 години DRÄXLMAIER со своите електрични производи ја создава архитектурата на електричните системи во автомобилската индустрија.
Со нашата целокупна компетентност во областа на електриката и електрониката, ние можеме оптимално да ја дизајнираме електричната инсталација. Системскиот концепт постојано се следи со електрични контакти и компоненти кои го зајакнуваат жичениот кабелски сет.
Дистрибуција
Жичени
кабелски сетови
Господар на комплексноста: со околу 1031 варијанти, индивидуалноста е нагласена преку специфични жичени кабелски сетови прилагодени на потребите на клиентот. Производството и испораката до клиентот се извршуваат според стратегијата ,,just in time - just in sequence''. На овој начин сме сигурни дека секој производ стигнува на монтажната лента на нашиот клиент функционално тестиран, точно на време и апсолутно во прецизна секвенца.

Дистрибуција
Мулти-
шина
Мултиталентирана: спроведена во потпорната структура, мулти-шината нуди оптимална електромагнетна компатибилност благодарение на ефектот на бришење на полето. Како понатамошен развој на класичниот електричен систем, таа претставува одговор на идните барања во однос на функционалноста и безбедноста. Истовремено, постигнува резултати со флексибилни излезни кабли и особено лесен и компактен дизајн.

Дистрибуција
Систем
на податоци
Функционално, безбедно, мрежно: блиското вмрежување во внатрешноста на возилото како и со околината, денес е поважно од кога и да било порано. Решенијата за висока фреквенција од DRÄXLMAIER се карактеризираат со сигурен трансфер на податоци и високи стапки на информации за тековните и идните автомобилски системи.

Заштита
Дистрибутер
на електрична енергија
Модуларен, интелигентен, скаларен: нашиот дистрибутер на електрична енергија може да се состави поединечно според барањата за изведба со користење на модуларниот принцип. Инсталирани се само потребните модули, а компонентите заедно со жичените кабелски сетови се прегледуваат како функционална единица. Модуларниот дистрибутер на електрична енергија има соодветни конектори за приклучок на осигурувачи, прекинувачи и експанзиони модули, како и кабли со директен контакт.

Заштита
Главна
кутија со осигурувачи
Безбедност и заштита за нисковолтажни електрични системи: главната кутија со осигурувачи од централна точка ги снабдува електричните потрошувачи со потребниот потенцијал. Таа ги вклучува, дистрибуира и обезбедува прикачените жици на одреден начин - флексибилно, со променливи големини и функции на осигурувачите.

Заштита
dFuseSmart 48V
модуларен систем на функции
Сосема безбеден: користејќи го лесниот и компактен модуларен систем на функции dFuseSmart 48V, електричните четириесет и осум волтажни системи можат ефикасно и сигурно да бидат заштитени од електричен лак и други електрични нарушувања.

Контакт
dLAM
ламеларен контакт
Од мал до голем: патентираниот DRÄXLMAIER ламеларен контакт е скаларен контакт систем за високи струи, ниски контактни отпори и мали простори за инсталација. Со својата независна флексибилна ламела, остварува контакт со оловни рамки или електрични шини со максимална сигурност.

Контакт
dHPT
терминал со високи перформанси
Безбедна конекција: како патентиран контакт со висока моќност за сите напонски нивоа, терминалот со високи перформанси на DRÄXLMAIER ги исполнува сите безбедносни барања во однос на вибрациите и варијациите на температурата. dHPT приклучоците се сигурни и лесни. Тие се карактеризираат со мала сила на вметнување и висок притисок на контактот.

Контакт
Конектор
за заварување со триење
Стабилен и ефикасен на долг рок: со овој патентиран процедурален пристап во областа на поврзување алуминиумски жици, DRÄXLMAIER нуди интересна алтернатива за конвенционалните процеси на спојување. Патентираната технологија за заварување со триење импресионира со материјалот, врската со низок отпор како и со ефикасните производствени процеси.

Електрични системи
Факти
што вреди да се знаат