Зелена енергија во Дрекслмајер во Куманово

21. јули 2021 Фабриката Дрекслмајер во Куманово е комплетно покриена со фотоволтаици и преку искористување на сончевата енергија придонесува за поголема одржливост и заштита на животната средина.

Од јули годинава компанијата Дрекслмајер на локацијата Куманово се снабдува со електрична енергија исклучиво од обновливи извори. По претходно направена анализа од страна на стручни лица, развиено е специфично решение врз основа на кое на кровот на објектот е поставен фотоволтаичен систем со што е овозможено максимално искористување на потенцијалот од сончевата енергија.

Заштитата на животната средина е основа за одржлив развој и е од суштинско значење за Дрекслмајер Групацијата. Преку одговорно однесување, компанијата се стреми да ги исполни економските, еколошките и социјалните стандарди.„Снабдувањето со електрична енергија од целосно обновливи извори на енергија е во согласност со нашата корпоративна стратегија. Во контекст на најголемите глобални предизвици, Дрекслмајер дава важен придонес во заштитата на животната средина. Веруваме дека со овој чекор ќе придонесеме за подигнување на свеста за искористувањето на обновливите извори на енергија и поголема заштита на животната средина“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија. Тој додаде дека овој потег, исто така, ќе придонесе за зајакнување на довербата кај клиентите на компанијата. „Ние се фокусираме на систематско намалување на емисиите на јаглероден диоксид и со зголемена употреба на одржливи материјали и процеси на нашите клиенти им нудиме решенија за поодржливи производи“, додава понатаму Мирингер.

Групацијата ги следи целите на Парискиот договор за клима и најдоцна до 2050 година, преку намалување на емисијата на јаглероден диоксид се стреми да придонесе во неутрализирање на климата. Стратешките мерки за ефикасност во логистиката и производството, како и еколошкиот извор на енергија на нашите локации ги сметаме за наша обврска. Одржливоста, преку глобално утврдени и стандардизирани процеси, е исклучително важен сегмент во развојот на Дрекслмајер.

Групацијата е посветена на одржливо корпоративно управување, а својата иновативност ја фокусира кон одржливи решенија за иднината на автомобилите, истовремено комбинирајќи современа технологија со високи перформанси и елегантен дизајн.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 75.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2020 година обртот на компанијата изнесуваше 4.2 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.